L A T I N I C A

 

O N L I N E

 

КУЛТУРА И ЗАБАВА » Естрада

ВОЗБУДЛИВО ПРИЗНАНИЕ НА ЕДИНСТВЕНИОТ МАКЕДОНСКИ ПОРНОАКТЕР ВО ИТАЛИЈА

Ќе го убиеле Карло Бос!

Откако неодамна ја шокираше јавноста со изборот на својата професија, единствениот македонски порноактер во Италија, Карло Бос, открива уште повозбудлива вистина за неговата единствена љубов од светот на порнографијата, Марија. Романсата се случила тогаш кога тој најмалку ја очекувал.
Во искрената исповед за "Шпиц", Карло се потсетува дека 2002 година била пресвртна за него. Со својот најдобар другар Игор заминал во Париз, но застанале во Милано кај свој пријател, и по игра на случајноста таму останал до ден денес. Досега има снимено 150 филмови, сите хетеро, само со жени. Според неговата статистика, имал околу 600 жени, од речиси сите земји, а сепак интимно гласа за луѓе кои си ја пронашле љубовта и таа има едно име.
Со голема носталгија раскажува за моментите кога се вљубил во Русинката Марија.
- Мојата вистинска љубов се случи на почетокот на 2006 година. Веќе бев познат во фелата. Тој ден муабетев со најдобриот порнорежисер во Милано, кој сега е на врвот на порнографијата во Италија. Одеднаш во канцеларија влегуваат едно машко и женско од Русија. Типот зборуваше италијански, а женската слабо. Јас кога ја видов уште веднаш ме удри гром. Видов нешто
во нејзините сини очи, ама беа насолзени, како да плачела пред да влезе. Типот ја довел на сила. Беше две години помлада од мене. Веднаш му реков на режисерот: "Дај ми три филма со неа, а ако ја пуштиш да снима со друг ќе се откажам од порноиндустријата". Уште на првиот филм се виде дека ние всушност водиме љубов, а не секс. На првата сцена таа само ме погледна и срамежливо се насмеа. Момчето што ја донесе ја забележа ситуацијата и ја држеше на око цело време, за да не ми даде број на телефон, раскажува Карло.
Но, по едно снимање, кога се облекувал, во џебот од фармерките нашол ливче со нејзин број. И ѕвонел петпати, не одговорила. Потоа таа му се јавила и се сретнале.
- Многу плачеше кога се видовме, не можеше да се соземе. Таа вечер требаше првпат да оди на улица, да почне да работи како проститутка. А забележав дека беше и тепана. Ми рече: "Ако ме оставиш сега, ќе се убијам". Без размислување ја качив во автомобил и ја однесов дома, иако знаев дека нема играње со типот што ја чуваше. За проблемите што ни се случија тогаш не сакам да зборувам, можеа да ме убијат во една ситуација. Сепак, зад мене стоеше режисерот, а и некои мои пријатели и многу ми помогнаа, на разни начини!
Карло и Марија заедно живееле шест месеци. Според неговите искази, таа била паметна и факултетски образована и набрзо почнала да работи во една фирма за компјутери.
- Ако не бев јас, ќе завршеше на улица. Сакаше да ми стане сопруга. И реков дека имам долгови и затоа морам да снимам и да работам како жиголо. Таа тоа го прифаќаше ама многу ја болеше, затоа што ме засака, исто колку и јас неа. По шест месеци не можеше повеќе да издржи од љубомора, почна многу да страда. Не можев да ја гледам, ми се кинеше срцето. Ако знаеше дека следниот ден треба да снимам, скокаше врз мене, за да водиме љубов, иако еден ден пред снимање не смеев да имам секс. Го правеше тоа за инает, да ме измори, ама тоа не можеше, јас бев подготвен. Наутро, штом ќе ја подготвував торбата за снимање, почнуваше да крши се низ станот. Во тој период имав и доста лични проблеми. Забележав дека повраќа и дека има болки во стомакот. Знаев дека не е болест, секогаш имав секс со презервативи. Сепак снимањата се сигурни и проверени сто отсто. И реков да си оди. Еден ден се вратив од снимање, веќе ја немаше. Си заминала. Оставила писмо дека ќе ме сака засекогаш и дека секоја недела ќе пали свеќа за мене во црква.
- Ова го направив не за мене, туку за нашата иднина, која ќе се вика Карло. Твоја Марија, засекогаш. Ќе ме најдеш во Москва - му напишала таа.
- Имам информација од Русија дека син ми се вика Карло. Понекогаш ми доаѓа да најдам начин и да одам во Москва. Ех, тежок е животот на порноѕвезда. За да станеш најдобар, треба многу жртви. Потекнувам од угледно семејство на интелектуалци, но животот ме однесе по овие патеки. Сум жртвувал многу работи, а и оваа жртва скапо ја платив. Многу нешта видов и доживеав и една работа сфатив - кај жената не е најубава надворешната убавина, ами само душата, доколку навистина и е убава, заклучува порноактерот.
Тој на интернет поставил спот со свои снимки преку кои порачува "ова е за сите што ме озборуваат, само вие озборувајте ме оти никогаш нема да станете тоа што сум јас". А на својот официјален сајт www.carloboss.it поставил фотографии на кои со гордост го вее македонското знаме и запишал "Јас сум Македонец". (Шпиц)


РАП ЅВЕЗДАТА СО СПЕЦИЈАЛНИ БАРАЊА ПРЕД СКОПСКИОТ КОНЦЕРТ

Блиндиран џип и четири лични телохранители за Фифти Сент

За да се заштити од обожавателите и од јавноста, за неговото гостување во Скопје, рап ѕвездата "Фифти сент" бара блиндиран џип и доаѓа со свое лично обезбедување. Како дел од условите кои неговиот тим го нагласил како "Важно, важно, важно", пишува и дека џипот треба да го има за време на целото движење: Аеродром- хотел- сала.
Од "Авалон" продукција, организаторите на скопскиот концерт кој ќе се одржи на 31-ви март во салата Борис Трајковски, велат дека во досегашната организација на концерти на могу светски ѕвезди, ова е прво искуство некој да бара блендиран џип. Освен тоа, раперот со вистинско име Куртис Џејмс Џексон за концертот во Скопје бара голем број на локално обезбедување, но за време на целата светска турнеја носи четворица свои лични телохранители од САД.
Раперот тоа го практикува од 2000-та година, кога на 24-ти април, беше нападнат од вооружено лице, пред поранешниот дом на баба му во Јужна Јамајка, Квинс. Напаѓачот за кој се претпоставува дека е Дерил Баум-Хомо бил паркиран во близина. Потоа се приближил од страната на Џексон со пиштол со калибар од 9 милиметри и одблизу испукал девет куршуми во него. Деветте прострелни му беа нанесени во дланката, раката, колкот, двете нозе, градите и левиот образ. Лицето му отекло, го изгубил умникот и почнал да мрмори. Џексон во блиската болница беше задржан 13 дена, пишува во неговата официјална биографија. Наводниот напаѓач, Баум беше убиен три недели подоцна. Тој му беше близок пријател и телохранител на Мајк Тајсон. Во неговата автобиографија "Од нула до кула: Еднаш многу одамна во Јужен Квинс" тој напиша: "Откако бев застрелан одблизу девет пати и не умрев, почнав да мислам дека сигурно имам некаква цел во мојот живот". Првите шест недели одеше со помош на штака, а целосно закрепна по пет месеци.


"Авалон продукција" го носи Били Ајдол во Македонија

Познатата панкрок-икона, Били Ајдол, на 20 јуни, ќе настапи пред македонската публика на Скопското лизгалиште. Информацијата беше објавена на неговиот интернет-сајт уште пред неколку дена, а "Авалон продукција" и официјално потврди дека тие се потпишани како организатори на концертот. "Авалонци" се надеваат дека ова ќе биде еден од подобрите настани во Македонија за овој дел од годината.
Освен во Скопје, Били Ајдол ќе настапи и во неколку држави од регионот. Во Белград, главниот град на соседна Србија, ќе свири на 21 јуни, веќе следниот ден ќе биде во Загреб, а публиката во Љубљана со Били Ајдол ќе другарува на 24 јуни.
На оваа турнеја, Били Ајдол ќе биде придружуван од својата стандардна екипа, гитаристот Стив Стивенс, клавијатуристот Дерек Шериниан и басистот Стивен Мекгрет, а како засилување на сцената ќе се појават и гитаристот Били Морисон и тапанарот Џереми Колсон. Били Ајдол е значајна фигура во светската музичка историја. На сцената се појавува во 1976 година, како дел од групата "Џенерејшн Икс", но во почетокот на осумдесеттите години од минатиот век, тој заминува за Њујорк каде што ја почнува својата успешна солистичка кариера. Уште со објавувањето на првиот албум од кој излегоа сега култните песни "White weeding" и "Dancing with myself" на светската јавност и даде до знаење дека не е случаен играч во музичката индустрија. По дебитантското остварување се редеа уште голем број изданија и хитови, кои и ден-денес се инспирација за многумина млади музичари и состави.



НАЈНОВ БРОЈ



ВРЕМЕ

МАКЕДОНИЈА

АВСТРАЛИЈА


КАЖЕТЕ ГО ВАШЕТО МИСЛЕЊЕ!

Писма до уредникот

Letter to the Editor