|
|
L A T I N I C A |
|
|
O N L I N E |
  |
|
СПОРТ » Извештаи и вести
МАКЕДОНСКИ ФУДБАЛСКИ КУП 2010
Ќе биде тоа празник на фудбалот
Средбите се на 13 и 14 февруари, во Алтона Норт, а ќе настапат осум екипи: Алтона Меџик Вардар, Сиднем Парк Македонија, Лалор јунајтед, Нобле Парк Македонија (1. група), Џилонг Македонија, Лерин, Престон Македонија и Килор Пелагонија (2. група)
Организацискиот одбор на Првиот македонски фудбалски куп 2010 во Викторија, составен од претставници на сите македонски фудбалски тимови, секоја недела се состанува и практично уште отсега сѐ е спремно за почеток на овој куп. Како што е познато купот ќе се одржи на 13 и 14 февруари, а годинава домаќин е Алтона Меџик Вардар, шампионот на Премиер лигата на Викторија за 2008 и 2009 година.
Купот ќе се игра на стадионот во Алтона Норт, на спортскиот комплекс Paisley Park, каде што Алтона Меџик Вардар ги игра како домаќин своите мечеви во Премиер лигата. Како што нѐ информира Џесика Смугревски, нема пречки за почеток на купот, кој ќе се игра во две групи од по четири екипи. Во првата група се Алтона Меџик Вардар, Сиднем Парк Македонија, Лалор јунајтед СЦ и Нобле Парк Македонија, а во втората Џилонг Македонија, Лерин, Престон Македонија и Килор Пелагонија.
На првиот ден според распоредот кој е веќе направен ќе играат: 9,30: Алтона Меџик Вардар - Сиднем Парк Македонија, 10,20: Џилонг - Лерин, 11.10: Престон Македонија - Килор Пелагонија, 12.00: Сиднем Парк Македонија - Нобле Парк Македонија, 12.50: Лалор - Алтона Меџик Вардар, 1.40: Престон Македонија - Џилонг, 2.30: Килор Пелагонија - Лерин, 3.20: Лалор - Сиднем Парк Македонија, 4.10: Алтона Меџик Вардар - Нобле Парк Македонија, 5.00: Џилонг - Килор Пелагонија, 5.50: Лерин - Престон Македонија, 6.40: Нобле Парк Македонија - Лалор.
Утредента, на 14 февруари се финалните мечеви. Во 1.40 часот се игра мечот на победникот од групата 1 со второпласираниот од групата 2, а потоа играат второпласираниот од групата 1 против првопласираниот од групата 2. Финалето ќе почне во пет часот попладне истиот ден.
Покрај првите состави за купот ќе се натпреваруваат и резервните тимови. Во Првата група се Престон Македонија, Лерин и Лалор, а во втората Сиднем Парк Македонија, Нобле Парк Македонија и Алтона Меџик Вардар. Исто така за купот се пријавени и пет женски екипи. Тоа се Џилонг, Нобле Парк Македонија, Сиднем Парк Македонија, Престон Македонија и Килор Пелагонија.
Резервите и женските екипи ќе играат на вториот терен по слениов распоред: 9,30: Планти Вали - Престон Македонија (рез), 10,20: Сиднем Парк Македонија - Џилонг (жени), 11.10: Престон - Килор Пелагонија (жени), 12.00: Престон Македонија - Лалор (рез), 12.50: Нобле Парк Македонија - Сиднем Парк Македонија (жени), 1,40: Лалор - Лерин (рез), 2.30: Сиднем Парк Македонија - Алтона Меџик Вардар (рез) 3.20: Џилонг - Престон Македонија (жени), 4.10: Нобле Парк Македонија -Сиднем Парк Македонија (рез), 5.00: Алтона Меџик Вардар - Нобле Парк Македонија (рез).
На 13 февруари се финалните дуели во сите конкуренции.
Основната цел на овој куп е сестраната сорботка меѓу сите македонски клубови, дружење, како и комплетно здружување на македонската заедница во целина во Викторија. Со мотото, да нема повеќе недоразбирања, кавги, несогласувања, разединувања, да бидеме сите за еден, еден за сите, ќе бидеме силни и неразделни во оваа средина каде што живееме и твориме.
Што друго да кажеме освен пофални зборови за сите овие луѓе кои зе зафатија со работа да го организираат овој куп, како и иницијативата за формирање претседателство на сите македонски фудбалски тимови од Викторија. Ако се појават одредени проблеми, тие ќе се решаваат тука, не на друго место.
Па, со среќа и само напред.
Трајче Бошковски
ФУДБАЛСКИ ТУРНИР ЏИЛОНГ ВИКТОРИЈА
Многу голови по жешкото време
Престон Македонија - Алтона меџик Вардар 2-4 (0-2),
Џилонг Македонија - Сиднем парк Македонија 1-2 (0-2)
Во саботата Фудбалскиот клуб Џилонг Македонија го организира фудбалскиот турнир Џилонг Викторија, а годинава учествуваа четирите македонски фудбалски екипи од Викторија. Џилонг Македонија повеќе од дваесетина години го организира турнирот.
Секако, честитки за управата на Џилонг Македонија за организацијата и за големото гостопримство што го направија за фудбалерите и за челните луѓе на македонските екипи Престон Македонија, Алтона Меџик Вардар, Џилонг Македонија и Сиднем Парк Македонија.
Резултатите беа во втор план. Беше добро што нашите Македонци беа заедно и наздравуваа со студено пиво како и со добра скара што ги подготвиле домаќините на Џилонг Македонија.
Во првиот натпревар на овој фудбалски турнир се сретнаа екипите на Џилонг Македонија и Сиднем Парк Македонија.
Жешкото време беше тоа што не им даде можност на двете екипи да прикажат добар фудбал. Фудбалерите мораа да се разладуваат секои 15 минути.
Фудбалерите на Сиднем Парк Македонија беа тие што ја затресоа мрежата во два напрати во првото полувреме, додека домаќините го постигнаа единствениот гол во второто полувреме. Така и заврши натпреварот, со 2-1 за Сиднем Парк Македонија.
Во вториот натпревар се сретнаа Престон Македонија и Алтона Меџик Вардар. Двајцата тренери на двете екипи, Жељко Гагула и Драган Блажевски им дадоа шанси на новите фудбалери за да ги видат на лице место дали ќе ги задоволат барањата за првите екипи за новата сезона 2010.
Во првото полувреме Престон Македонија настапи со младиот тим и новите дојдени фудбалери кои баш не покажаа некоја фудбалска игра, секако поради жешкото време.
Вардарците дојдоа во водсвто од непостоечкиот пенал кој Пеце Сивески го претвори во гол за 1-0.
Кон крајот на првото полувреме вардарците дојдоа и до вториот гол преку Черговски и така се отиде на одмор со 2-0.
Во второто полувреме во екипата на Престон Македонија беа направени измени на пет фудбалери. Тие, предводени од Георгиоски и од Стерјовски за десетина минути ги матираа вардарците со два евро голови на Георгиоски и резултатот беше 2-2.
И Блажевски направи измени во редовите на Вардар, потоа судијата пак му подари пенал на Сивевски кој овој пат го промаши односно 16-годишниот голман го одбрани.
Голманот Салцин не бранеше на овој натпревар бидејќи беше на одмор.
До крајот на второто полувреме вардарците постигнаа уште два подарени гола од младиот и неискусен голман, па така натпреварот заврши со резултат 4-2.
Според она што можевме да го видиме "лавовите" на Престон Македонија иако беа некомплетни се покажаа со добра игра, но им треба уште еден напаѓач и два одбрабени фудбалери за новата сезона 2010.
Вардарците беа без Сиљановски и Божиновски, но имаат доста нови фудбалери со кои сигурно ќе бидат во златната средина, ако не и погоре.
Сѐ уште се разговара со доста имиња, но тие се држат во тајност пред почетокот на новата 2010 сезона.
Стефан Ѓорѓиевски
ПРИЈАТЕЛСКИ ФУДБАЛСКИ НАТПРЕВАР
Сиднеј Македонија - Илинден 1-2
Во саботата, на прекрасниот терен на домашното игралиште на Сиднеј Македонија беа одиграни седум фудбалски натпревари помеѓу екипите на Сиднеј Македонија и на Рокдејл Илинден.
Екипите на Сиднеј Македонија за играчи до 13, 14, 15, 16 и 18 години беа поуспешни од врсниците на Илинден и забележаа победи, а екипите за фудбалери до 20 години одиграа нерешено 1-1.
Разбирливо, најголемо интересирање владееше за натпреварот на првите екипи на двата тима.
Фудбалерите на Илинден први дојдоа во водство. По изведениот слободен удар, Мусумеци со глава го постигна првиот гол, а на ист начин тоа го направи Трајчевски во вториот дел на натпреварот.
Единствениот гол за Сиднеј Македонија го постигна Лиавас.
Екипите на Илинден и на Сиднеј Македонија повторно ќе се сретнат на 14 февруари на спортскиот центар Илинден во Рокдејл.
Кирил Митушев
Фудбалерите имаат патриотизам за само 24 часа
Минатата година, кога Престон Македонија испадна од Премиер лигата на Викторија, се јавија доста поранешни фудбалери и рекоа дека ќе играат за мали пари или за ништо за Престон Македонија.
Но, кога денес ги побараа истите фудбалери за да помогнат на Престон Македонија тие истите бараат по 700-800 долари неделно за настап во Првата дивизија на Викторија.
Лазаревски кажа со срце и душа за Престон Македонија, но по неколку дена се откажа од Престон Македонија.
Мораме да кажеме дека е жално но вистините дека многу малце ги учат дома за патриотизмот, а повеќе ги учат како да дојдат што побрзо за поголеми пари, што е жално за нашиот патриотизам. Нашите фудбалери ако кажат дека ја сакаат Престон Македонија тогаш мора да се преиспритаат што кажуваат и дали воопшто има во нив патриотизам, ако бараат плата од 800 долари, а ќе играат во Првата дивизија на Викторија.
Тие истите фудбалери во Престон Македонија се здобија со нивната прва шанса и слава, а сега на Престон Македонија ѝ е најтешко и најпотребна е помош, но тие истите фудбалери го свртеа грбот.
Но, едно е вистина, да не го забораваат нашите фудбалери потеклото македонско, дека Престон Македонија е вечна и така ќе остане за нас Македонците тука во Австралија.
Стефан Ѓорѓиевски
Preston Lions Junior Football Club - Under 15s and Under 16s Training Dates
Under 15s - training begins on Tuesday February 2nd and Thursday February 4th at 7:00 pm (BT Connor Reserve, Broadhurst Ave, Reservoir). For further information contact Chris Emsovski on 0412 511 833.
Under 16s - training begins on Tuesday February 2nd and Thursday February 4th at 6:30pm (BT Connor Reserve, Broadhurst Ave, Reservoir). For further information contact Tony Todorovski on 0400 367 580.
Boys and girls for all other age groups are also invited to apply online at www.prestonlions.com and we will publish details on training dates for other age groups as soon as they are finalised. All players from 2009 as well as new players are welcome.
Preston Lions Football Club
ПО НАЈАВАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ФИФА, СЕП БЛАТЕР
Светско првенство во Австралија најрано во 2022 година?
Блатер најави дека СП 2018 ќе се игра во Европа, кандидати за домаќини се Англија, Русија, и заедничките предлози на Шпанија и Португалија и на Белгија и Холандија. Така останува Австралија, Јапонија, Јужна Кореја, Катар, Индонезија и САД да се борат за организација на првенството во 2022 година
Светското фудбалско првенство во 2018 година речиси сигурно ќе се игра во Европа. Ваков е ставот на претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Сеп Блатер, кој во Москва објави дека за Мундијалот по осум години ќе се разгледуваат кандидатурите само од Стариот континент.
- Од тоа што го разговаравме со претседателот на УЕФА, Мишел Платини во Москва, заклучок е дека европските кандидатури би се разгледувале за СП 2018 година. Сѐ уште нема конечна одлука, но оваа идеја би ѝ ја олеснила работата на ФИФА. Има раздвижувања кај кандидатите и на крајот треба да има финална одлука, особено ако за 2018 би се разгледувале само тие од Европа - рече Блатер.
ФИФА за Мундијалите во 2018 и 2022 година реши да прими кандидатури за двете од иста земја, но со опција, тие што доаѓаат од ист континент за првото првенство да не се разгледуваат за второто, ако организацијата е доделена на земја од ист континент. Годинешното СП во Јужна Африка е 19. по ред, а по него Бразил ќе биде домаќин на СП во 2014 година, што е прв турнир во Јужна Америка по 1978, а прв и во најфудбалската земја по 1950 година.
Ако се следат изјавите на Блатер, кои речиси сигурно и ќе донесат таква поделба на кандидатурите, европски за 2018 година, а сите останати за 2022 година, значи дека во трка за Мундијалот по осум години ќе бидат Русија, Англија и заедничките кандидатури на Белгија и Холандија односно на Шпанија и Португалија. Овие четири европски селекции заедно со Австралија, САД и Јапонија поднесоа кандидатури за двете следни првенства, додека само за 2022 г. кандидати се и Катар, Ј. Кореја и Индонезија.
Според ваквиот расплет, Австралија, Јапонија, Јужна Кореја, Катар, Индонезија и САД ќе се борат за организација на првенството во 2022 година. Иако сите кандидати од Европа со еднакви шанси влегуваат во изборот, Англија и Русија се потенцирани како фаворити за добивање на организацијата од европските земји. Англија, затоа што има најдобра инфраструктура со стадиони во моментов, а колепката на фудбалот од 1966 година го нема организирано Мундијалот, додека Русија поради сѐ поголемото инвестирање во фудбалот.
Изборот на следните два домаќини на најголемиот фудбалски настан ќе биде во декември годинава.
ТЕНИС - АВСТРАЛИЈА ОПЕН
Федерер супериорен
Швајцарецот Роже Федерер во финалето на Австралискиот тениски гранслем во три сета го победи Британецот Енди Мареј со 3-0 и влезе во историјата на овој турнир како петти тенисер со четири трофеи, по Крафорд, Емерсон, Роузвел и Агаси. Тој супериорно ја демонстрираше неповторливата стабилност, импресивниот сервис и раритетната ментална цврстина во решавачките моменти.
- Во овие две недели одиграв можеби и најдобро во мојот живот, а иако оваа 16-та титула за мене е посебна зашто е прва што ја освоив како татко - вели 28 годишниот тенисер.
КОШАРКА
Пелистер се откажа од Лигата
Кошаркарите на Торус направија изненадување во првото коло од Супер лигата, а Пелистер ја напушти Лигата. Тоа се двете карактеристики на 1. коло од доигрувањето за титулата во македонскиот шампионат.
Торус синоќа како домаќин во Скопје го победи фаворитот за трофејот и лански вицешампион, Фени Индустри од Кавадарци со 79-68.
Вториот натпревар кој требаше да се одигра во Скопје не почна, бидејќи битолски Пелистер пред почетокот на мечот ги информира надлежните луѓе од кошаркарската федерацијата дека се откажуваат од натпреварувањето.
Лидерот на првенствената табела, Вардар Осигурување останува на само еден пораз и по 17 одиграни натпревари. Кошаркарите на Вардар Осигурување забележаа победа на гостувањето во Свети Николе кај Овче Поле со резултат 77-64.
Единствениот натпревар од "Плеј аут" лигата меѓу МЗТ Скопје и Вардар 2000 беше одложен затоа што по откажувањето на Пелистер (претходно и АМАК СП се откажа) екипите од "Плеј аут" лигата ќе останат во најдобрата лига и идната сезона.
Плејмејкер е третиот тим кој требаше да игра во борбата за опстанок, но сега може да биде префрлен во Супер лигата ако биде постигнат договор за тоа.
СУПЕР ЛИГА, 1. КОЛО
Работнички - Пелистер неодиграно
Овче Поле - Вардар Осигурување 64-77
Торус - Фени 79-68
Табела: Вардар Осигурување 33, Фени Индустри 30, Торус 26, Работнички 25, Пелистер 24, Овче Поле 24
ПЛЕЈАУТ-ЛИГА
МЗТ - Вардар 2000 одложено
Табела: Плејмејкер 21, МЗТ 20, Вардар 2000 19

