L A T I N I C A

 

O N L I N E

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ПАНДЕМИЈАТА ПРИСТИГНА

Регистриран е прв случај на грип А (Х1Н1) во Македонија

Четиригодишното момче од Австралија е позитивно со вирусот од групата А, но дали е заразено од новиот грип Х1Н1 за неколку дена треба да покажат резултатите од лабораторијата во Лондон. Уште во саботата се испратени примероци од крвта на момчето кое со симптоми на грип од Прилеп беше донесено на Инфективната клиника во Скопје (поопширно во рубриката Пелагонија). Детето во Македонија допатувало од Австралија. "Ние го гледаме и го третираме случајот како да е позитивен. И семејството е подложено на терапија и блиските контакти на профилакса", изјави министерот за здравство Бујар Османи. Во неделата попладне состојбата на детето беше стабилна и тоа со неговата мајка е задржано на лекување на Инфективната клиника во Скопје...

АКТУЕЛНО

НЕФОРМАЛЕН МИНИСТЕРСКИ СОСТАНОК НА ОБСЕ НА КРФ

Бакојани го ескивираше Милошоски!

На Крф не дојде до средба меѓу Бакојани и Милошоски. Официјалното образложение е дека грчката министерка била презафатена. На прес-конференција таа рече дека сака да се види со Милошоски, но таквата средба ќе се случела во Скопје. "Уште за време на посетата на Косово објавив дека ќе го посетам Скопје тогаш кога мојот распоред ќе ми дозволи. Како претседавач со ОБСЕ ќе имам можност да ја видам нашата мисија во Скопје, а исто така да разговарам со вашето државно раководство за отворените прашања што постојат", изјави грчката министерка за надворешни работи...

ПРЕГОВОРИ ЗА ИМЕТО

Нимиц ќе дошол со нов предлог

Медијаторот Метју Нимиц на почетокот на јули доаѓа во Скопје и во Атина со предлог-решение за разликите околу името, објави радиото Дојче веле цитирајќи го заменикот министер за надворешни работи на Македонија Зоран Петров...

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

Тодор Петров повикува на света војна за името?!

Светскиот македонски конгрес на Тодор Петров повикува на света војна за одбрана на името на државата. Лидерот на СМК ја извести јавноста дека на 15 јуни Конгресот донел одлука за формирање Движење на отпорот против промената на државното име...

ПОЛИТИКА

МЕНДУХ ТАЧИ:

Охридскиот договор е мртов!

"Охридскиот договор не се имплементира, тој е мртов, а Владата на Македонија во последнава година само потврдува дека тој договор е мртов", изјави лидерот на опозиционата Демократска партија на Албанците Мендух Тачи во неделата, во интервју за радиото Слободна Европа, објаснувајќи зошто се залага за нов договор. "Сето ова го правам како последна опомена дека Македонија е пред голема опасност", рече Тачи, порачувајќи им на сите кои "толку многу ги потценуваат Албанците и системот на мерење на капацитетот на Албанците, како дилетанти и луѓе што ништо не ги интересира - дека ако овој предлог не успее, ќе бидеме живи, ќе видиме што ќе се случи...

АКО ЗЕМАЛ И ПЛАТА И ПЕНЗИЈА, НА МИНИСТЕРОТ МАНЕВСКИ МУ СЕ ЗАКАНУВА ЗАТВОРСКА КАЗНА

Тешка измама или тежок гаф на службите?

Министерот за правда Михајло Маневски може да биде осуден на максимална затворска казна од десет години ако се покажат како вистинити обвинувањата на пратеникот Владо Бучковски дека тој, спротивно од законот, половина година примал и плата и пензија! Правните експерти посочуваат дека станува збор за сериозни обвинувања и затоа државните институции треба да го проверат случајот. Поранешниот премиер и пратеник од СДСМ Бучковски во Собранието презентира документи според кои Маневски од први јануари до први мај годинава примал и плата и пензија...

ДИПЛОМАТИЈА

ЕВРОПСКА УНИЈА

И шведскиот мандат ќе биде залуден

Сѐ помали се шансите за брзо приклучување на државата кон ЕУ, откако на неколку дена пред да го преземе претседателството на Унијата од Шведска стигнаа најави дека ниту ќе можат ниту ќе се трудат да ги решат билатералните спорови во балканскиот регион, велат познавачите...

ПО ПРЕДЛОГОТ ОД ВАЛОНА

Балканскиот Бенелукс е опасен за Македонија!

Нов балкански Бенелукс, составен од четири држави - Косово, Албанија, Македонија и Црна Гора - идејата што потекнува од албанските лидери, е интересна за разгледување само од економски и од културолошки аспект. Секоја друга идеја повеќе од тие две е опасна за Македонија и би можела да ги наруши европските аспирации на Македонија, сметаат експертите. Идејата што беше промовирана по вторпат во албанскиот град Валона, како што дознаваме од дипломатски извори, за сите претседатели првично била интересна и убава...

ВЕСТИ

СУДБИНИ

Почина "чуварот на Галичник"

Најстариот жител на мијачкото село Галичник, седумдесет и осумгодишната Галина Кутреска - Гаца е најдена мртва во својот дом. Откако два дена не ја виделе жената да излезе од дома, соседите го нашле телото во вилата Доста во Галичник, за што ја известиле полицијата. Гаца беше вистинска легенда во Галичник, која во селото го помина целиот живот, не напуштајќи го родното огниште ниту во најстудените зими, кога со месеци беше одделена од цивилизацијата...

ЕКОНОМИЈА

ПО СЛАВЕСКИ, И СТАВРЕСКИ ПРОГЛЕДА

Рецесија ќе има!

Македонија најверојатно и во вториот квартал од годината ќе има негативен пораст на ДБП, призна вицепремиерот за економски прашања Зоран Ставрески по објавувањето на веста дека индустриското производство во мај падна за 15,3 проценти. "Намалувањето на економската активност во Македонија не би требало никого да изненади, тоа е нормално и очекувано, кога во светот се случува најголемата светска криза во последните сто години. Сепак, добро е тоа што ставките на пад во Македонија се поблаги и во согласност со последните случувања можеме да очекуваме дека е избегнато најлошото. А, најлошото е тоа што се случи во некои други земји, да се загуби макроекономската стабилност, стабилноста на курсот, да не можат да се сервисираат обврските кон странство или да се доживее вистински крах во реалниот сектор", рече Ставревски...

РЕПОРТАЖА

НА ГОСТИ КАЈ ЖАРКО НАСТЕСКИ ВО ПРИЛЕП

"Емил и Милена ги сакам повеќе од мои деца"

Жарко Настески (51) познат прилепски гитарист, музичар, сопственик на музичкото студио "Точак" деновите ги минува во својот свет на музиката, со имагинациите и спомените за неговата пријателка, Елизабета Павлоска, која пред 4 години починала во Австралија. Иако Бети, не е меѓу живите вели спомените за нивните дружења се посилни, а деновите минуваат во знакот на телефонските и интернет средби со нејзините деца, Емил Павлоски (28) и неговата сестра Милена Стојческа (19) кои ги сака како свои деца. Емил работи како механичар во фабриката на "Мазда" но, со Настески имаат исто хоби - музиката...

ЦРКВА

ПОЗИТИВЕН ОДГОВОР НА МАКЕДОНСКИТЕ АРХИЕРЕИ

По три години СПЦ и МПЦ повторно ќе седнат на маса!

Македонската православна црква позитивно ќе одговори на пораките од Српската православна црква за обновување на разговорите. Ваква одлука донел Синодот во полн состав. По констатацијата на српските архиереи дека се создадени услови за разговори, и македонските владици во саборските одлуки на СПЦ и изјавите на бачкиот епископ Иринеј Буловиќ препознале добра волја за обновување на речиси три години целосно прекинатите разговори...

АВСТРАЛИЈА

ЛЕКАРИТЕ ПОВИКУВААТ НА ПОГОЛЕМИ МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ СО СВИНСКИОТ ГРИП

Две деца на интензивна нега, потврдена петтата жртва

Потврдена е петтата жртва која се поврзува со смртоносниот грип. Жената која имала претходни здравствени проблеми починала во болницата Ројал во Перт и за Западна Австралија тоа е втора жртва дијагностицирана со свинскиот грип...

БАЛКАН

СЛОВЕНИЈА

Експремиерот Јанша е под истрага

Поранешниот словенечки премиер и лидер на опозицијата Јанез Јанша бил повикан на полициско сослушување поради сомнеж дека извршил кривично дело - издавање тајни податоци. Јанша е осомничен дека на телевизиска емисија обелоденил тајни документи од затворен состанок на парламентарните партии за решавање на спорот со Хрватска...

СВЕТ

ИРАН

Неда стана симбол на отпорот

Неда Солтани е името на девојката на чија смрт, на некој начин, присуствуваше целиот свет, бидејќи потресната видео-снимка од тој морничав настан практично веднаш отиде во етерот преку Интернет. Плашејќи се од помасовни немири, иранските власти забранија јавен погреб и комеморација, иако на тоа повикаа двајцата претседателски кандидати, Мир Хусеин Мусави и Мехди Каруби...

ПРЕМИЕР ЛИГА НА ВИКТОРИЈА

Прва победа на Престон Македонија по 1440 минути

Престон Македонија - Ричмонд 2-1 (1-0)

Конечно Престон Македонија дојде до првата победа. На крајот се израдуваа и верните навивачи кои после шеснаесет одиграни натпревари или поточно по 1440 минути "Лавовите" дојдоа до првите три освоени бода...

Фудбалска драма и неизвесност до самиот крај

Алтона Меџик Вардар - Хајделберг јунајтед 3-3 (0-3)

Во фудбалското дерби помеѓу Алтона Вардар и Хајделберг, видовме вистинска фудбалска престава во која беше неизвесно до самиот крај. Тоа може да се каже дека беше натпревар за срцев удар. Ни најголемите експерти не можеа да замислат што се случуваше и се одвиваше на самиот натпревар...

ПРЕМИЕР ЛИГА НА НЈВ

Лавовите ги прегазија тигрите

Сиднеј Македонија - Сиднеј тајгерс 5-3

На неделниов натпревар што се одигра (под рефлектори) на Јенсен парк, а пред околу 800 гледачи екипата на Сиднеј Македонија прикажа допадлива, борбена, а што е највазно и ефикасна игра, па сосема ги задоволи своите симпатизери, кои на крајот од натпреварот ги испратија со аплаузи...

СУПЕР ЛИГА НА НЈВ

Илинден ремизира во локалното дерби со Ливерпул

Рокдејл Илинден - Ливерпул Боси 1-1

Како што се очекуваше и ова локално дерби во Суперлигата на Нов Јужен Велс, беше изедначено, а тоа го покажува и резултатот...

НАСТАНИ

СОБОРНИОТ ХРАМ "РАЃАЊЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА" ИЗНИКНУВА ВО РЕМЕК ДЕЛО

Најголема заслуга имаат верниците и помагателите

Македонците во Викторија имаат зошто да се гордеат со црковните храмови и манастири. Во Мелбурн се наоѓаат едни од најубавите и најраскошните македонски православни религиозни објекти во Австралија. Во населбата Сиднам, се наоѓа Соборниот храм на македонската православна црква - Епархија за Австралија и Нов Зеланд "Раѓање на Пресвета Богородица". Убавината и раскошноста на го зема здивот на секој посетител. Овој, наш, македонски бисер, се гради веќе неколку години...

МУЛТИКУЛТУРНА СРЕДБА НА СЕНИОРИТЕ ВО ПРЕСТОН

Богато дружење со звуците на Волсинг Матилда, македонско оро и Таи Чи...

Во Престон, минатиот четврток, се одржа мултикултурна средба на Македонската група за социјална поткрепа од Спектрум центарот за доселеници и Универзитетот на трета доба од Даребин (U3A - University of the Third Age)...

ФЕЉТОН

ПРОГОНСТВОТО НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД ГРЦИЈА (6)

Петровски стана Петридис, Гушевски - Гусидис!

Пишува: Виктор Цветаноски (Утрински весник)

Тодор Христов Симовски вели дека од нејзиното формирање како држава во 1830 година, Грција се нашла во непријатна ситуација поради многуте негрчки, пред сѐ словенски имиња на нејзината територија. Странски научници дури тврделе дека Грците немаат никаква врска со античките Грци и претставуваат сосема друга раса и дека се мешавина на многубројното население што живеело на тие простори...

ДОБРОТВОРНА РАБОТА

Корисни информации за системот на здравствена заштита во Австралија MEDICARE

Австралискиот национален систем за здравствена нега се смета за еден од најправедните и најдобрите на светот. Клучен дел од обезбедувањето на здравствена нега за сите лица што ги исполнуваат условите во Австралија е Medicare. Затоа е неопходно секој од нас да има информации за да може да ги користи во потполност сите услуги и бенефиции на системот, но исто така, да ги дознае и своите обврски кон истиот...

ФИЛМ

НОВ, ЧЕТВРТИ СПОТ ЗА МАКЕДОНИЈА ОД МАНЧЕВСКИ

Македонски храмови - премиерно на Си-Ен-Ен

Ова е прв спот специјализиран за одреден сегмент на туризмот, во случајот за сакрален туризам (цркви, манастири и џамии). Продолжувајќи ја темата од циклусот Македонија - вечна, прикажано е единството на природата и човекот во сакралните објекти во Македонија...



НАЈНОВ БРОЈ



ВРЕМЕ

МАКЕДОНИЈА

АВСТРАЛИЈА


КАЖЕТЕ ГО ВАШЕТО МИСЛЕЊЕ!

Писма до уредникот

Letter to the Editor