L A T I N I C A

 

O N L I N E

 

СПОРТ » Супер лига на Нов Јужен Велс

15. КОЛО

Илинден ремизира во локалното дерби со Ливерпул

Илинден иако понадмоќен и поискусен, сепак, не успеа да го победи младиот тим на Ливерпул Боси

Како што се очекуваше и ова локално дерби во Суперлигата на Нов Јужен Велс, беше изедначено, а тоа го покажува и резултатот 1-1.
Штотуку почна натпреварот Саше Трајчевски, средниот играч на Рокдејл се ослободи по средината на теренот и од 30 метри упати бомба кон противничкиот гол, која за негова среќа заврши во горниот десен агол и ги изненади речиси сите.
Потоа следеше период на израмнета игра во која Рокдејл направи неколку грешки што фудбалерите на Ливерпул Боси не знаеја како да ги искористат. Така се отиде на одмор по првото полувреме.
Второто полувреме беше со повеќе среќа за Ливерпул. Во еден контранапад младите фудбалери на Боси направија една убава акција по која што Давид Вилсон го проигра Џеф Иса, на кого, пак не му беше тешко да ја пласира топката во небранетиод дел од мрежата на голманот на Илинден.
Потоа илинденци ја презедоа иницијативата, но сѐ до крајот не успеаја да направат ништо повеќе. Во последните 10 минути имаше и големо невреме, па и двете екипи можеа да го постигнат победеоносниот гол.
Илинден иако понадмоќен и поискусен, сепак, не успеа да го победи младиот тим на Ливерпул Боси.


ТРАНСФЕР ОД СТ. ЏОРЏ

Тони Симоновски - нов комита на Илинден

Минатиот вторник младиот голман Тони Симоновски официјално потпиша за Рокдејл Илинден.
Тој доаѓа од фудбалскиот клуб Ст. Џорџ, каде што бранеше во првиот тим. Кога разбра дека Рокдејл е заинтересиран за него тој не се двоумеше.
Новиот голман има само 21 година и многу добри препораки од тренерите што работеле со него.


Резултати - 15. коло

Рокдејл Илинден - Боси Ливерпул 1-1
Гренвил рејџ - Централ Коаст лајтнинг 2-2
Парамата - Нортерн тајгерс 2-1
Спирит - Фрејзер Парк 3-0
Мт Друит Таун ренџерс - Сент Џорџ 3-3
Сиднеј јуниверзити - Макартур рамс 4-2

Табела

  клуб игр поб нер заг гд - гп разл бод  
1   Спирит ФЦ 15 7 5 3 34 - 18 16 26  
2   Рокдејл Илинден 13 7 4 2 28 - 14 14 25  
3   Парамата 12 8 1 3 23 - 13 10 25  
4   Макартур рамс 13 6 4 3 28 - 17 11 22  
5   Нортерн тајгерс 13 6 3 4 20 - 24 -4 21  
6   Сиднеј јуниверзити 13 5 4 4 22 - 17 5 19  
7   Сент Џорџ 14 5 4 5 26 - 23 3 19  
8   Централ Коаст лајтнинг 13 5 3 5 18 - 28 -10 18  
9   Гренвил рејџ 14 4 3 7 13 - 19 -6 15  
10   Мт Друит Таун ренџерс 12 3 4 5 27 - 31 -4 13  
11   Боси Ливерпул 15 2 4 9 17 - 29 -12 10  
12   Фрејзер парк 13 1 3 9 16 - 39 -23 6  

Идно коло (4 - 5 јули):

Недела, 5 јули, 3:00 попладне

Рокдејл Илинден - Фрејзер парк (Rockdale Ilinden Sports Centre)

Гренвил рејџ - Нортерн тајгерс
Боси Ливерпул - Централ Коаст лајтнинг
Парамата - Макартур рамс
Сент Џорџ - Спирит
Сиднеј јуниверзити - Мт Друит Таун ренџерс



НАЈНОВ БРОЈ



ВРЕМЕ

МАКЕДОНИЈА

АВСТРАЛИЈА


КАЖЕТЕ ГО ВАШЕТО МИСЛЕЊЕ!

Писма до уредникот

Letter to the Editor