|
|
L A T I N I C A |
|
|
O N L I N E |
  |
|
СПОРТ » Премиер лига на Нов Јужен Велс
17. КОЛО
Лавовите ги прегазија тигрите
Сиднеј Македонија - Сиднеј тајгерс 5-3
Стрелци: Саламе 38, 40, Северино 46, Нора 51, Милески 84 за Сиднеј Македонија, а Ризо 44 (од пенал), Хорисик 65 и Јунис 81. минута за Сиднеј Тајгерс. Стадион: Јенсен парк. Гледачи: 800. Судија: Петер Вртковски.
СИДНЕЈ МАКЕДОНИЈА: Јошевски, Стадман, Веб, Лиавас, Лукшиќ, Цекенис, Нора, Саламе (86. Мартин), Макрис, Северино (75. Амети), Акил (67. Милески).
На неделниов натпревар што се одигра (под рефлектори) на Јенсен парк, а пред околу 800 гледачи екипата на Сиднеј Македонија прикажа допадлива, борбена, а што е највазно и ефикасна игра, па сосема ги задоволи своите симпатизери, кои на крајот од натпреварот ги испратија со аплаузи. Сиднеј Македонија го победи Сидднеј тајгерс со 5-3, во 17. коло од Премиерлигата на Нов Јужен Велс.
Во почетокот на натпреварот гостите создадоа неколку шанси за гол но благодарение на смелите интервенции на голманот Јошевски, мрежата остана незатресена.
Сиднеј Македонија за две минути, во 38 и 40 постигна два гола, а стрелец на двата гола беше Салеме. Гостите во 44. минута преку Ризо (од пенал) го намалија резултатот, а со тој резултат се отиде на одмор.
На самиот почетокот на второто полувреме Северино го постигна третиот, Нора четвртиот гол, а конечниот резултат го постави Милески.
Со оваа победа екипата на Сиднеј Македонија ќе се задрзи во горниот дел на табелата, на 2. место.
В среда, 1 јули екипата на Сиднеј Македонија ќе го одигра заостанатиот натпревар од 16. коло со екипата на Вест Сиднеј Бери на Лидкомб Овал парк со почеток во 7.30 часот навечер.
Кирил Митушев
Резултати - 17. коло
Сиднеј Македонија - Сиднеј тајгерс 5-3
Сатерленд шаркс - Маркони сталионс 1-1
Блектаун Сити - Бонириг вајт иглс 0-1
Менли јунајтед - Сиднеј олимпик 1-2
Волонгонг - Пенрит Напијан јунајтед 0-1
Сиднеј јунајтед - Вест Сиднеј берис 2-0
Табела |
|||||||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| клуб | игр | поб | нер | заг | гд | - | гп | разл | бод |
| 1 | Сиднеј јунајтед | 17 | 11 | 4 | 2 | 35 | - | 17 | 18 | 37 | ||
| 2 | Сиднеј Македонија | 16 | 8 | 4 | 4 | 31 | - | 24 | 7 | 28 | ||
| 3 | Сатерленд шаркс | 17 | 7 | 6 | 4 | 35 | - | 22 | 13 | 27 | ||
| 4 | Менли јунајтед | 15 | 7 | 6 | 2 | 23 | - | 15 | 8 | 27 | ||
| 5 | Маркони сталионс | 15 | 7 | 4 | 4 | 32 | - | 16 | 16 | 25 | ||
| 6 | Сиднеј олимпик | 17 | 7 | 3 | 7 | 32 | - | 34 | -2 | 24 | ||
| 7 | Бонириг вајт иглс | 16 | 6 | 6 | 4 | 24 | - | 27 | -3 | 24 | ||
| 8 | Вест Сиднеј берис | 16 | 5 | 4 | 7 | 22 | - | 29 | -7 | 19 | ||
| 9 | Блектаун Сити | 17 | 4 | 6 | 7 | 20 | - | 25 | -5 | 18 | ||
| 10 | Пенрит Напијан јунајтед | 16 | 5 | 3 | 8 | 16 | - | 24 | -8 | 18 | ||
| 11 | Сиднеј тајгерс | 17 | 4 | 4 | 9 | 21 | - | 28 | -7 | 16 | ||
| 12 | Волонгонг | 17 | 1 | 2 | 14 | 12 | - | 42 | -30 | 5 |
Идно коло (4 - 5 јули):
Сабота, 4 јули, 7:30 навечер
Бонириг вајт иглс - Сиднеј Македонија (Bonnyrigg Sports Club)
Блектаун Сити - Сиднеј олимпик
Пенрит Напијан јунајтед - Менли јунајтед
Вест Сиднеј берис - Сатерленд шаркс
Маркони сталионс - Волонгонг
Сиднеј тајгерс - Сиднеј јунајтед

