|
|
L A T I N I C A |
|
|
O N L I N E |
  |
|
СПОРТ » Премиер лига на Викторија
16. КОЛО
Прва победа на Престон Македонија по 1440 минути
Престон Македонија - Ричмонд 2:1 (1:0)
Недела 28. Јуни 2009. БТ Конор Резерв. Терен: Добар. Стрелци: Хана во 41. мин и 57. мин. за П. Македонија, Лулиќ во 65. мин за Ричмонд.
ПРЕСТОН МАКЕДОНИЈА: Стојановски, Филиповиќ, Мицковски, Колевски, Најдовски, Хана, Георгиоски, Бранов, Џонс, Теновски, Цоцески.
РИЧМОНД: Зоис, Антониадис, Мкласкеј, Велс, Готзиолис, Сивиќ, Вилсон, Милардовиќ, Киндер, Лујиќ, Виола.
Конечно Престон Македонија дојде до првата победа. На крајот се израдуваа и верните навивачи кои после шеснаесет одиграни натпревари или поточно по 1440 минути "Лавовите" дојдоа до првите три освоени бода.
Радоста и немаше крај и кај фудбалерите и кај тренерот Жељко Гагула кои си ја честитаа првата победа над екипата на Ричмонд.
Борбеноста кај фудбалерите и желбата се чувствуваше и гледаше во сите 90 минути.
Поточно во второто полувреме "Лавовите" беа тие што ја имаа во себе и желбата за првата победа.
Посебно навивачите со огромни аплаузи ги испратија "Лавовите" во соблекувалната кои по натпреварот отидоа да наздрават за првата победа во сезоната во Социјалниот Клуб на Престон Македонија.
Почетокот на првото полувреме од самиот старт видовме една бледа фудбалска претстава. Не е ништо чудно што двете екипи Престон Македонија и Ричмонд се наоѓаат таму каде и што се.
А може и малата посета на навивачите не им дава на фудбалерите да го дадат својот максимум.
Престон Македонија настапи без повредените Мискас и голманот Дамир Салцин кој се повреди минатата недела и сигурно ќе паузира најмалку две недели.
Првата шанса дојде во 38. минута кога Бале Мицковски се најде сам пред голот се обиде нешто да стори, но не успеа.
Во 41. минута дојде и првиот гол и радост кај навивачите на Престон Македонија. Добра комбинација на навалните фудбалери поточно Мицковски добро го проигра Хана, а овој само ја сврти топката во левиот долен агол и тоа беше 1:0 за Престон Македонија. После лошиот почеток на двете екипи "Лавовите" се разиграа и дојдоа до првиот гол. Се отиде на одмор со водство на Престон Македонија од 1:0 иако "Лавовите" можеа да постигнат уште еден гол.
На самиот почеток на второто полувреме "Лавовите" тргнаа со силни напади. Баче Георгиоски ја имаше првата шанса за гол во 50. минута кога проба да го лобира голманот Зоис, но превисоко ја крена топката која отиде во гол аут. Во 53. минута гостите имаа шанса да дојдат до израмнување и само чиста среќа го спаси голот на Престон Македонија. Во 57. минута 2:0 за Престон Македонија. Одличен напад на навалните фудбалери почнувајќи од Георгиоски до Мицковски кој прецизно го пронајде Хана, овој добро ја прими топката биеше по земја и по втор пат ја затресе мрежата на Зоис.
По само неколку минути во 65. минута гостите преку Лујиќ го намалија резултатот на 2:1. Лујиќ лесно дојде до шеснаесетникот на Престон Македонија и одблизу биеше силно и Стојановски беше немоќен.
Тренерот на Престон Македонија направи две измени во игра ги внесе Јовановски и Костадиновски кој во 83.минута дојде до поволна шанса за гол, но не беше прецизен.
Во 88. минута Блаже Георгиоски имаше убава шанса за гол, но неговиот удар го одбрани гостинскиот голман Зоис.
Секако најрадосен беше тренерот Жељко Гагула кој после натпреварот рече: "После напорната работа и доста измени во мојата екипа дојдовме до првата победа и секако заслужено ги победивме. Жал ми е што доста фудбалери го напуштија клубот, но многу од нив не играа со срце, но еве денес моите млади момчиња покажаа како се игра и бори за екипата и самиот клуб Престон Македонија.
Стефан Георгиевски
Смрт на стадион на потпретседателот на Престон Македонија
Потпретседателот на Престон Македонија, 50-годишниот ЃОРЃИ ПУКОВ ненадејно почина од срцев удар непосредно по натпреварот.
Претседатлот на клубот Целе Вељановски веднаш го пренел Пуков од стадионот Резерво во болницата во Епинг каде медицинскиот персонал можел да констатира смрт.
Фудбалска драма и неизвесност до самиот крај
Алтона меџик Вардар - Хајделберг јунајтед 3-3 (0-3)
Стрелци: 0-1 Дросос 14, 0-2 Циорлас 19, 0-3 Едераро 35, 1-3 Сариќ 77, 2-3 Младеновиќ 78, 3-3 Тасески 79. минута. Стадион: Паизлеј Парк, Мелбурн. Терен: одличен. Гледачи: 300.
АЛТОНА МЕЏИК ВАРДАР: Јевдевиќ, Лори, Младеновиќ, Анфопулос (Фадјевиќ 45 мин), Рекиа, Чурчија (Сариќ 61 мин), Сивевски, Тасески, Рикобене, Божиновски, Калмар (Бојку 75 мин.).
ХАЈДЕЛБЕРГ: Гавалас, Робертс, Џонс, Олиарис, Амети, Василиадис, Тсиорлас, Хокулс, Дросос, Гаспарис, Едераро.
Во фудбалското дерби помеѓу Алтона Вардар и Хајделберг, видовме вистинска фудбалска престава во која беше неизвесно до самиот крај.
Тоа може да се каже дека беше натпревар за срцев удар. Ни најголемите експерти не можеа да замислат што се случуваше и се одвиваше на самиот натпревар.
Гостите ќе жалат долго време за овој натпревар. По водството со 0-3 и трите бода во џеб, среќни беа што си заминаа и со еден бод. Може да се каже дека вардарците беа тие што го диктираа темпото на игра, но гостите даваа голови. Само што почна натпреварот, поточно во 3. минута со контра-напад гостите од Хајделберг дојдоа во водство со 0-1. Дросос прими долга топка од центарот, биеше по земја и голманот на Алтона, Јевдевиќ не можеше да стори ништо.
Како и првиот гол, исто така и вториот падна преку контра-напад. Но, овој пат по грешка на бекот на Вардар Стив Лори кој навремено не го блокира напаѓачот Едерадо, кој убаво го проигра Циорлас, кој од блиску биеше во левиот агол, и тоа беше 0-2.
Кога вардарците беа подобри во играта, фудбалерите на Хајделберг во 37. минута го постигна и третиот гол. По изведениот слободен удар од голема делечина, по земја биеше Олиарис, Јевдевиќ не успеа да ја фати, туку ја одби топката на која натрча брзиот Едераро кој од блиску ја затресе мрежата на домаќините, 0-3. На одмор се отиде со резултатот 0-3 иако Вардар имаше неколку сериозни шанси за гол.
Второто полувреме почна со измени во Вардар, кога Фадјевиќ влезе на местото на Антопулос. Повторно како во провото, така и во второто полувреме вардарците беа тие што покажаа подобар фудбал со многу напади, но никако да постигнат гол.
Во продолжението на натпреварот трнерот Владо Тортевски направи уште неколку измени кои вродија плод кога од 77. до 80. минута вардарците постигнаа три гола со што го израмнија резултатот.
Јунаци на натпреварот за Алтона Вардар беа Сариќ, Младеновиќ и Тасески. Вистинска фудбалска драма гледавме на стадионот во Алтона, а големи честитки за умешноста на тренерот Тортевски кој ги направи вистинските измени за пресврт и израмнување на резултатот.
Честитки и за борбеноста на фудбалерите, посебно за Климе Тасески, кој беше јунак на натпреварот. Да се губи со 0-3 повеќе од 70 минути и да се изедначи на 3-3, тоа е чиста десетка за Тортевски и за фудбалерита на Алтона Вардар.
- Тоа беше наптревар со две полувремиња. Првото полувреме беше за Хајделберг, кој водеше со 0-3. Во тој момент, кога сите мислеа дека натпреварот е завршен, сигурно ние не мислевме така. Се договорив со мои фудбалери да излезат, да се покажат и да се борат за боите на Вардар, и да не им дозволиме Хајделберг да ги освои трите бода во нашиот терен. Честитки на моите фудбалери кои покажаа карактер и ако продолжиме со ваква игра тогаш шампионската круна може повторно да се најде во витрините на Алтона Вардар - рече по натпреварот тренерот Тортевски.
Стефан Георгиевски
Резултати - 16. коло
Алтона меџик Вардар - Хајделберг јунајтед 3-3
Престон Македонија - Ричмонд 2-1
Мелбурн најтс - Грин Гали 0-1
Саншајн џорџис - Окли кенонс 1-1
Хјум Сити - Данденонг тандер 3-0
Саут Мелбурн - Витлси зибрас 4-0
Табела |
|||||||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| клуб | игр | поб | нер | заг | гд | - | гп | разл | бод |
| 1 | Данденонг тандер | 15 | 10 | 4 | 1 | 26 | - | 13 | 13 | 34 | ||
| 2 | Саут Мелбурн | 16 | 8 | 5 | 3 | 35 | - | 15 | 20 | 29 | ||
| 3 | Хјум Сити | 16 | 8 | 3 | 5 | 27 | - | 13 | 14 | 27 | ||
| 4 | Грин Гали | 15 | 8 | 3 | 4 | 20 | - | 12 | 8 | 27 | ||
| 5 | Алтона меџик Вардар | 16 | 8 | 3 | 5 | 24 | - | 22 | 2 | 27 | ||
| 6 | Саншајн џорџис | 16 | 7 | 5 | 4 | 13 | - | 12 | 1 | 26 | ||
| 7 | Хајделберг јунајтед | 16 | 7 | 4 | 5 | 25 | - | 17 | 8 | 25 | ||
| 8 | Окли кенонс | 16 | 6 | 5 | 5 | 18 | - | 14 | 4 | 23 | ||
| 9 | Мелбурн најтс | 16 | 5 | 4 | 7 | 18 | - | 16 | 2 | 19 | ||
| 10 | Ричмонд | 16 | 5 | 3 | 8 | 21 | - | 21 | 0 | 18 | ||
| 11 | Витлси зибрас | 16 | 1 | 2 | 13 | 7 | - | 28 | -21 | 5 | ||
| 12 | Престон Македонија | 16 | 1 | 1 | 14 | 10 | - | 61 | -51 | 4 |
Идно коло (10 - 13 јули):
Сабота, 11 јули, 4:00 попладне
Грин Гали - Алтона меџик Вардар (Green Gully Reserve)
Недела, 12 јули, 3:00 попладне
Престон Македонија - Окли кенонс (BT Connor Reserve)
Ричмонд - Саут Мелбурн
Данденонг тандер - Саншајн џорџис
Мелбурн најтс - Хјум Сити
Хајделберг јунајтед - Витлси зибрас

