|
|
L A T I N I C A |
|
|
O N L I N E |
  |
|
СВЕТ
ИРАН
Неда стана симбол на отпорот
Неда Солтани е името на девојката на чија смрт, на некој начин, присуствуваше целиот свет, бидејќи потресната видео-снимка од тој морничав настан практично веднаш отиде во етерот преку Интернет. Плашејќи се од помасовни немири, иранските власти забранија јавен погреб и комеморација, иако на тоа повикаа двајцата претседателски кандидати, Мир Хусеин Мусави и Мехди Каруби. Видео-снимката на нејзината смрт и обидите на луѓето да ја спасат, ја претвори Неда во хероина на судирот меѓу иранските власти и демонстрантите. "Зборуваше дека сака демократија и слобода за граѓаните на Иран", рекол 37-годишниот фоторепортер Каспиан Макан, кој за АП изјавил дека 27-годишната студентка по музика (оддел за пијано) ја запознал пред неколку месеци на патување надвор од земјата и имал намера да се венча со неа. Ја молел да не оди на протестите, но таа не сакала ни да чуе за тоа. Неда Солтани, во трагичниот момент стоела на страна со својот татко и ги гледала протестите на улиците на Техеран. "Постои само една работа со која Иранците треба да се борат, а тоа е незнаењето. Против него не се бори со меч, туку треба да се запали светлото", велела таа.
Инаку, Дојче веле коментира дека демонстрантите во Иран и водачот на опозицијата Мир Хусеин Мусави се само инструменти во внатрешната борба за превласт во исламската република. Според радиото, тоа е војна меѓу поранешниот претседател Али Акбар Хашеми Рафсанџани на една и Махмуд Ахмадинеџад и врховниот духовен водач, ајатолахот Али Хамнеи на другата страна. Рафсанџани е еден од најбогатите и најмоќни луѓе во земјата, кој е присутен уште од времето на револуцијата пред 30 години, и кој сигурно, не без сопствен интерес, веќе подолго време следи прагматичен курс во земјата, но и во странство. Мусави не е богат човек, партија нема, значи нема ни партиско финансирање, па оттука и сомнежот дека неограничените средства за изборната кампања доаѓаат од најдлабокиот џеб во земјата, оној на Рафсанџани. Ахмадинеџад постојано го напаѓаше Рафсанџани за корупција во изборната кампања.
ПО СПОРОТ РУСИЈА-УКРАИНА
Баросо: ЕУ да биде подготвена на најлошо
По продолжување на спорот помеѓу Русија и Украина за транзит на гасот, Унијата мора да биде подготвена на најлошо, рекол претседателот на Европската комисија Хозе Мануел Баросо. "Неопходно е меѓусебно поврзување на пазарот и изградба на алтернативни маршути за испорака на гас", истакнал Баросо, кој излегол и со предлог за изградба на нови подземни складишта во Европа и за зголемување на резервите на нафта како алтернативно гориво. А додека Баросо стравува што ќе се случува со испораката на гасот, Русија отвора пат и на Црниот континент. Газпром и Нигериската национална нафтена корпорација потпишаа договор со кој и се дава пристап на руската компанија до резервите од нигерискиот гас, кои се сметаат за едни од најголемите во светот. Газпром е заинтересиран и за учество во проект за изградба на транссахарски гасовод, кој ќе и овозможи на Нигерија да врши испорака на гас кон Европа.
ИТАЛИЈА
Берлускони бендисал и ќерка на бивш шеф на бугарското подземје
"Вистината е оти Дарина Павлова има фантастична ќерка. А вие го знаете мојот интерес за малолетнички", му рекол Силвио Берлускони, на бугарскиот премиер Сергеј Станишев. На Берлускони како малку да му беа скандалите кои го мачат во Италија, од кои еден се однесува и на малолетна Италијанка. Разговорот меѓу двајцата лидери бил "уловен" од камерата на телевизијата Скај, а Станишев одбил да го коментира целиот случај. Дарина Павлова, мајка на Паола, за софиски Труд изјавила оти е горда што нејзиното име било спомнато во разговорот меѓу Берлускони и Станишев, кој, според неа, се однесувал на туризмот во земјата. "А фактот што Берлускони дал комплимент дека имам фантастична ќерка ме прави уште посреќна. Му благодарам на комплиментот. Моето семејство е блиско со италијанскиот премиер. Тој ги познава моите деца, а ме знае и мене", додала таа. Дарина Павлова е вдовица на Илија Павлов, кој беше ликвидиран во 2003 година, како прв човек на корпорацијата Мултигруп. Нејзината ќерка Паола, по убиството на татка си се преселила во САД.
БРАЗИЛ
Рио со ѕид поделен на богати и сиромашни
Градските татковци на Рио де Жанеиро почнаа да градат ѕид околу сиромашните населби - фавели. "Се чини дека некој не сака сиромаштијата да им пречи на луѓето од средната и високата класа, а ѕидот ќе биде висок два метри, а долг 14 километри, ќе биде вовед во наша гетоизација", вели Антонио Фереира де Мело, претседател на Здружението на жителите на Росињо, најголемата фавела на бразилскиот град. Тој објасни дека ова го потсетува на Берлинскиот ѕид и на ѕидот кој Израелците го градат околу палестинската територија. Градските власти на Рио велат дека тие тврдења се смешни. Но, дека нешто навистина не е во ред во аргументите на власта дека станува збор за чисто еколошки проблем, сведочи и изборот на локацијата на која треба да биде изграден ѕидот. Според информациите, тој ќе ги одвојува сите 13 фавели, а не само едната која се наоѓа на ризично подрачје за шумите.
Атентат врз претседателот на Ингушетија
Јунус Евкуров е тешко ранет, а четворица негови телохранители се убиени откако бомбаш-самоубиец со својот автомобил полн со експлозив се судрил директно со блиндираниот мерцедес, во кој се наоѓал претседателот на јужната руска покраина Ингушетија. "Евкуров направи многу, не само што воведе ред, туку и граѓански мир во регионот. Оваа активност не им се допаѓа на разбојниците", изјави рускиот претседател Дмитриј Медведев. Претседателот Евкуров е третиот висок функционер, кој е ранет или убиен во изминатите три месеци во Ингушетија.
Вработен во "Спасете ги децата" - обвинет за педофилија
Вработен во лондонската филијала на фондацијата Спасете ги децата е обвинет дека бил дел од педофилска мрежа. Палестинецот Сохаил Ајаз (35) уапсен е под обвинение за педофилија и за поседување на материјали со детска порнографија. Тој признал дека силувал едно момче и оти поседува околу 400 фотографии и над 100 порнографски снимки со деца, кои ги дистрибуирал. Ајаз е откриен од италијанската полиција, која почнала акција против педофилијата во земајта. Полицијата открила дека тој организирал сексуално малтретирање на 15 романски деца. Ајаз се претставувал како шведски државјанин и му ветувал на еден Италијанец дека ќе му донесе деца од Романија.
Мајмун се измоча врз претседателот на Замбија
Замбискиот претседател Рупиа Банда организираше прес-конференција под едно стебло во дворот од неговата палата, и кога почна да одговара на прашања од новинарите, врз него од висина се измоча мајмун.
"Ова е веројатно знак за среќа", рече претседателот во чија палата живеат неколку мајмуни и неколку видови антилопи и птици.
ѝ пукнале "силиконките" во авион!
Силиконските импланти со големина "Ф" во градите на Русинката Ирена Д. (45) експлодирале за време на патувањето со авион од Москва до Лос Анџелес, по што била хоспитализирана. Лекарите откриле дека еден од нејзините импланти е оштетен. "Малку е веројатно дека оштетувањето настанало при летот. Дамата сигурно имала проблеми со градите пред патот, а промената на притисокот делувала како катализатор" истакнал еден од лекарите.
Зготвила човечка глава за да ја излекува ќерката
Кинеската Лин Џунгсију зготвила супа од човечка глава верувајќи дека со тоа ќе ја излекува својата ќерка која имала психички проблеми. Таа и сопругот минатиот декември одлучиле да побараат помош од маж, кој онесвестил еден 76-годишен алкохоличар и му ја отсекол главата. Лин потоа ја зготвила главата заедно со месо од патка и и дала на 25-годишната ќерка да ја изеде супата. Локалниот суд го осудил убиецот на доживотен затвор, додека Лин е обвинета за помагање во уништувањето докази.

