|
|
L A T I N I C A |
|
|
O N L I N E |
  |
|
|
ВОВЕДНИК
Во четвртокот ја имав честа да го гледам Симон Трпчески, заедно со Мелбурншката филхармонија. Леле луѓе доживување! Буквално се откачив, заминав во друг свет, го впивав звукот на пијаното кој едноставно ме опиваше од убавина... Кога Симон се претстави дека доаѓа од Република Македонија и најави дека ќе ја отсвири "На Струга дуќан да имам"... нашата татковина ја доби најголемата можна промоција во тие австралиски кругови. Кога сите ние би се однесувале како него, каде би ни бил крајот? А не како некои од нас - "јас не се мешам во политиката"? Од кога е кажувањето кој си и од каде си политика? Браво Симче!... |
|
АКТУЕЛНО
Македонците од КУД Илинден од безбедносни причини не ја минаа македонско-грчката граница Педесетина грчки неонацисти, во близина на граничниот премин Ники на грчката граница, ги попречија Македонците да влегуваат во соседна Грција, иако без проблеми ги минаа царинските процедури. Автобус со околу триесет членови на културно - уметничкото друштво Илинден од Сиднеј, Австралија, поминаа илјадници километри за да настапат на Илинденскиот народен собир кој викендов се одржува во леринското село Овчарани, но се вратија назад во Македонија, затоа што пограничните служби не можеа да им гарантираат безбедно минување на границата...
Остаре правдата за децата-бегалци Неколку илјади прогонети Македонци или како што се нарекуваат деца-бегалци се собраа во Скопје за да упатат остро барање до Грција веднаш да престане со дискриминацијата што веќе 60 години ја спроведува врз нив. Со собирот во салата "Борис Трајковски", каде што имаше луѓе од речиси цела Европа, од дијаспората од Канада Австралија и од САД, официјално почна традиционалната тридневна средба на децата-бегалци...
ПРЕМИЕРСКО ПИСМО ДО АТИНА
Груевски побара Атина да ги признае Егејците Со признавањето на македонското национално малцинство и со решавање на прашањата на бегалците ќе се исправат многу историски неправди, се истакнува во писмото на Груевски... |
ПОЛИТИКА
ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ ИЛИ ПОЛИТИЧКИ МОНТИРАНА АФЕРА?
Зоран Заев се товари за проневера од седум милиони евра
БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ:
Нема да се кандидирам на следните претседателски избори
|
|
|
БРАНИТЕЛИ
Љубе Бошкоски ќе апстинира од политиката до правосилна пресуда
|
|
ПЕЛАГОНИСКА ХРОНИКА
Силниот ветер го попречува гаснењето на огнот Во атарите на мариовските села Орле, Маково, Чаниште, Крушејца, Стара Вина... беснеат силни пожари во кои гори сува трева, смрека и нискостеблеста дабова шума. Огнената стихија пламти веќе трета недела во шумите кај Зајкова Тумба, во близина на македонско-грчката граница. Овој пожар е лоциран на непристапен терен и постојано се слушаат експлозии од гранати и друго огнено оружје, бидејќи се претпоставува дека тука се наоѓаат магацини со оружје и мински полиња, остатоци од Првата светска војна. Токму тука минувала линијата за Солунскиот фронт... |
|
АВСТРАЛИЈА
Со свечена миса на сиднејскиот хиподром Рендвик која присуствуваа околу половина милион верници, Папата Бенедикт XVI го означи крајот на католичкиот Светски ден на младоста, закажувајќи го следниот таков собир за 2011 година во Мадрид (Шпанија)... |
БАЛКАН
САД назначија свој амбасадор во Косово Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс го именува првиот амбасадор на САД во Косово, пет месеци по декларацијата за неговата независност... |
СВЕТ
Одлуката на администрацијата на американскиот претседател Џорџ Буш да го испрати државниот потсекретар за политички прашања Вилијам Барнс да учествува на меѓународните преговори со Иран во Женева... |
|
ФОКСТЕЛ КУП НА ВИКТОРИЈА А.И.С. - Престон Македонија 2:1 (1:1) Австралискиот институт за спорт се покажа како кобен за Престон Македонија, откако забележа победа над "лавовите" во меч кој беше од голем значај за момчињата во жолто-црвени дресови. Со победа, Престон Македонија ќе направеше чекор кон горниот дел на табелата и дефинитивно ќе се збогуваше од зоната која води кон понизок ранг на натпреварување, но со новиот пораз сите опции остануваат во игра... Хајделберг јунајтед - Алтона меџик Вардар 3:2 (3:1) Се повтори она што се случи во првиот дел од првенството, кога Хајделберг јунајтед ја победи Алтона меџик Вардар во Алтона. И овојпат, на својот терен, фудбалерите на Хајделберг беа поуспешни од вардарците, но играчки не го надиграа тимот на Тортевски... |
ИЗВЕШТАИ
Во драматичен меч Сиднеј Македонија издржа до реми со осум играчи, а потоа победи на пенали Каква фудбалска драма! И најпознатите филмски режисери не би можеле да изрежираат ваков фудбалски натпревар, по кој Сиднеј Македонија на пенали со 6-5 го победи Бонириг и се пласира во финалето на Tiger Turf Cup... |
|
|
СУПЕР ЛИГА НА НОВ ЈУЖЕН ВЕЛС Гренвил рејџ - Рокдејл Илинден 1-0 Во саботата навечер по студено време и пред околу стотина гледачи на нерамниот терен (Garside park, Granville) и недоволно осветлен за ноќни натпревари, екипата на Рокдејл Илинден претрпе минимален пораз со 0-1, од Гренвил, во 17. коло од Супер лигата на Нов Јужен Велс... |
|
НАСТАНИ
Симон Трпчески, светски познатиот пијанист од Македонија, минатата недела (четврток, петок и сабота) по втор пат во својата кариера гостуваше во Мелбурн (првото гостување му беше во 2003) и имаше свој наспат со Мелбурншкиот симфониски оркестар во The Arts Centre во салата Hamer Hall...
Граѓанската иницијатива за признавање на уставното име на Република Македонија од страна на Австралија која ја започна Лидија Нешковска наидува на силен оддек во македонската заедница и во останатите национални заедници. На разбирање, поддршка и поттик за успех на секој чекор и на секоја молба за пристапување кон оваа широка акција наидуваат многубројните Македонци и оние од други националности...
Прослава по повод ослободувањето на Љубе Бошкоски Во петокот, во просториите на Eden Reception во Thomastown, Македонското патриотско друштво Брат Љубе Бошкоски одржа мала свеченост по повод неговото пуштање од затворот во Шевенинген и одлуката на судот во Хаг дека не е виновен за воени злосторства... |
ФЕЉТОН
ДРАМАТА НА ЕГЕЈЦИТЕ: МАКЕДОНСКА ГОЛГОТА - 60 ГОДИНИ ПРОТЕРАНИ Македонците се народ, а Македонија е држава... Пишува: Виктор Цветановски Чудните дојденци беа облечени полуцивилно, полувојнички, имаа капи слични на американските. Беа валкани, обраснати, запуштени и тажни. Ништо не зборуваа. Оставаа впечаток на вчудовидени и несигурни. Со љубопитство ги гледаа војниците што стоеја на брегот, некои ги допираа нивните воени ознаки. Тешко ранетите само провизорно беа преврзани со валкани, окрвавени завои и крпи. Под нив се гледаа загноените рани. Изгледа дека на бродот немало средства за преврски, а рацете на тие што вршеа преврски не биле баш учени. Некои нозе и раце беа ужасно деформирани. Не сакајќи да го искажат тоа, војниците крадешкум погледнуваа и само со гестови даваа на знаење дека сочувствуваат со дојденците. Ова се зборовите на Владислав Барчиковски, кој ќе го опише пристигнувањето на ранетите партизани кои по поразот во Граѓанската војна пристигнале со брод во Полска. Неколку ранети со ампутирани нозе биле пренесени на раце во возилата што ги чекале. Еден од нив плачел. Не од болка, туку од возбуда што толку мајчински се однесуваат спрема него. Некои од нив, за да ја изразат својата благодарност и симпатија, ги галеле орлите на капите на полските војници... |
|
НАСЛЕДСТВО
Позлатена, два и полметарска скулптура откриена во Стоби Масивна, позлатена скулптура во натприродна големина е откриена деновиве при завршувањето на летните истражувања на римскиот форум во Стоби. Меѓу откопаните парчиња се и позлатен шлем, перјаница и штит, делови препознатливи за опремата на војниците од Римската империја, но и атрибути со кои традиционално се прикажува Минерва, римска божица заштитничка на војниците, поетите, мудроста и на занаетите... |
ЕСТРАДА
Камен-темелник на годишнина од смртта на Тоше На 16 октомври, денот кога трагично загина македонска ѕвезда Тоше Проески, ќе се постави камен-темелникот на неговата спомен-куќа, на историскиот локалитет Гумење, во Крушево. Спомен-куќата на Тоше ќе се наоѓа на местото за каде што музичката легенда имаше голема желба да изгради свое студио. Творците на проектот, архитектите Дејан Секуловски, Дејан Спасеновски и Илија Божиновски, постојано се на релација Скопје-Крушево... |
Браво Симче!







Збогување од шестката
Сиднеј Македонија ќе игра во финалето на TTC
Една грешка, еден гол
Петицијата за македонската вистина ја освојува Австралија



