L A T I N I C A

 

O N L I N E

 

ЗАЕДНИЦА » Настани

ВЕЛИЧЕСТВЕН НАСТАП НА СВЕТСКИ ПОЗНАТИОТ ПИЈАНИСТ ВО МЕЛБУРН

Маестро Симон од Македонија

Симон Трпчески, светски познатиот пијанист од Македонија, минатата недела (четврток, петок и сабота) по втор пат во својата кариера гостуваше во Мелбурн (првото гостување му беше во 2003) и имаше свој наспат со Мелбурншкиот симфониски оркестар во The Arts Centre во салата Hamer Hall.
Неговиот настап предизвика големо внимание и во македонската заедница во Викторија. Во четвртокот го забележавме присутвото на Генералниот конзул г-динот Саво Сибиновски, проф. д-р Миле Терзиовски, секретарот на Советот на македонската заедница м-р Ицо Најдовски, Мирчо Ангелковски, директорот на Prima Shutter Blinds Гоце Поповски...
Настапот на нашиот Симче не остави никого рамнодушен. Меѓу присутните посебно ќе остане во сеќавање неговата изведба "На Струга дуќан да имам" и неговото претставување пред публиката кога и соопшти дека доаѓа од Република Македонија.
Тешко беше во тие мигови на музичко совршенство да не се вошитува човек како врвните македонски синови со толкава гордост ја промовираат својата татковина.
Во четвртокот, поголема група Македонци присутни на концертот, веднаш по завршувањето имаа ретка можност да се дружат и уживаат во друштвото на маестро Симон и неговата придружба од Македонија, на кафе муабет во кафе барот на центарот.
Посебен белег на присутните им остави мајката на Симон раскажувајќи делови од семејниот живот и неговото детство.
По настапите во Перт и Мелбурн, Симон Трпчески замина за Сиднеј каде ќе има настап во сиднејската оперска куќа (Sydney Opera House), во четврток, петок и сабота.

Љ. С.


Петицијата за македонската вистина ја освојува Австралија

Граѓанската иницијатива за признавање на уставното име на Република Македонија од страна на Австралија која ја започна Лидија Нешковска наидува на силен оддек во македонската заедница и во останатите национални заедници. На разбирање, поддршка и поттик за успех на секој чекор и на секоја молба за пристапување кон оваа широка акција наидуваат многубројните Македонци и оние од други националности.
Колку е убаво и колко е лесно кога се говори за вистината!
Престижниот и популарен моден дизејнер Моше, по потекло од Мароко, од Haute Coture една од најпознатите модни куќи во Австралија и светот ставајќи го својот потпис на поддршка во петицијата запишал:

Дајте му на несреќните земји чувство на слободата на Австралија!

Илана Мелников агент за продажба на недвижнини од Real Estate International ѝ посакува на Македонија:

Слобода со љубов!

Во Книгата на вистината без исклучок можат да се најдат претставници на сите нации и религии од Австралија. Alex Cooray по потекло од Шриланка од компанијата Alexander & Co International Pty Ltd. Тој запишал:

Слобода и признавање на идентитетот на Македонците!

Деновиве во многу населби во Мелбурн, Сиднеј, Аделајд, Бризбен, петицијата за признавање на Република Македонија под нејзиното уставно име од рака на рака, беше чест гостин во многу домови, на неколку градилишта, лекарски ординации…
Да не заборавиме целта е - 100 илјади потписи кои ќе му бидат врачени на премиерот на Австралија г-дин Кевин Рад.
Дали во тоа ќе успееме зависи од нас Македонците. Колку сме на страната на вистината и колку чекориме цврсто заедно со нашата татковина до единствената цел признавање на уставното име Република Македонија, а со тоа признавање на нашиот македонскиот идентитет, култура и јазик.
Иницијаторот на петицијата за признавање на Република Македонија под уставното име од страна на Австралија, Лидија Нешкоска, од САД, ќе престојува во својата родна Македонија каде ќе ги запознае со патот што таа го започна со "Книгата на вистината".


Порака до сите Македонци:

Крајно време е да ставиме крај на неправдите и да се избориме за нашето име!
Ако сме единствени во тоа - никој не може и нема право да ни го смени името Македонија!
Како што никој нема право да го менува нашето сопствено име.
Исто така треба цврсто да застанеме и да кажеме дека не сакаме никакви додавки ниту придавки.
Ова треба да им го пренесеме на политичарите и во Македонија и во Австралија.
Затоа Македонци, ве замолувам, да ја поддржите следната акција:
сите ние во Австралија, во еден ден да му испратиме писмо на премиерот на Австралија г-дин Kevin Rudd и да му кажеме:
не сакаме повеќе неговата влада да ни се обраќа ни со "FYROM", ниту со "slavmacedonian", туку да нѐ признае со нашето единствено име:
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
(we all have the right to self determination)
(сите имаме право на самоопределување)
Да му кажеме: ДОСТА Е - ДОСТА!
Најважно е писмата да ги содржат основните пораки за името на нашата татковина - Македонија и за неменливоста на нашиот македонски идентитет.
Како што е важна содржината на пораката, исто така е важно е и следново: сите во еден ден, на втори август, во сабота, од сите краишта на Австралија, сите Македонци да испратат писмо до нашиот премиер г-дин Kevin Rudd на следнава адреса:
The Hon. Kevin Rudd MP
The Prime Minister
Parliament House - CANBERRA ACT 2600
На денот на нашиот најголем национален празник - Илинден, да бидеме сите заедно, повторно и единствени да го кренеме гласот против неправдите!
Затоа ги замолувам сите цркви да ги известат своите верници;
сите друштва и организации да ги известат нивните членови;
Македонските учители своите ученици и секој Македонец без оглед на возраста да напише писмо до премиерот на Австралија г-дин Kevin Rudd.

Со голем поздрав,
Лидија Павлеска Нешковска


Примери за содржина на писмата до г-дин Kevin Rudd




МЕЛБУРН

Прослава по повод ослободувањето на Љубе Бошкоски

Во петокот, во просториите на Eden Reception во Thomastown, Македонското патриотско друштво Брат Љубе Бошкоски одржа мала свеченост по повод неговото пуштање од затворот во Шевенинген и одлуката на судот во Хаг дека не е виновен за воени злосторства.
На вечерта се очекуваше на присутните да им се обрати Љубе Бошкоски, но
поради негова преголема зафатеност, тој не беше во можност да има обраќање до своите симпатизери и членовите на друштвото.
Присутните, сепак, по благословот од свештениците, со пригодна вечера и музика го прославија ослободувањето на Брат Љубе.

АМН


Советот на македонската заедница за Викторија продолжува со своето лобирање

Во петокот во просториите на Министерот за туризам на Австралија г-дин Мартин Фергусон ги прими претставниците на Советот - претседателот Злате Нически и секретарот Ицо Најдовски.
Разговорот се водеше на тема - развивање и поткрепа на туризмот во Македонија и олеснување на визниот режим на Австралија кон граѓаните од Република Македонија. Како што е познато Австралија применува строг визен режим за Македонците кои сакаат да ја посетат Австралија.
Покрај тоа стана збор и за "пензиското прашање" кое преставува голема пречка за Македонците кои се враќаат во татковината и сакаат да ги користат пензиите подолго време. Од страна на претставниците на Советот беше истакнато барањето да се применат истите одлуки на австралиската Федерална влада како што се билатералните договори со Хрватска, Грција, Италија и други земји во кои австралиските државјани без проблеми ги користат своите пензии во овие матични држави.
По ова прашање министерот Фергусон се заложи дека ќе воспостави контакт со Министерката за труд и социјални работи, Џени Маклин при што заедно со Советот да започне решавањето на "пензиското" прашање за Македонците од Австралија.
На овој работна средба се дискутираше и за отвореното прашање - признавање на Република Македонија под уставното име од страна на Австралија. Пораката од г-дин Фергусон во однос на овој проблем беше јасна: македонската заедница треба да лобира со исто темпо како и грчката, ако сака нејзината матична земја да биде призната под уставното име. Тој исто така напомена дека голема пречка за признавање на уставното име на Република Македонија е многубројното гласачко тело на грчката заедница во Австралија.

Ицо Најдовски - секретар при Совет на македонската заедница за Викторија



НАЈНОВ БРОЈ


ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР



ВРЕМЕ

МАКЕДОНИЈА

АВСТРАЛИЈА


КАЖЕТЕ ГО ВАШЕТО МИСЛЕЊЕ!

Писма до уредникот

Letter to the Editor