|
|
L A T I N I C A |
|
|
O N L I N E |
  |
|
СПОРТ » Супер лига на Нов Јужен Велс
17. КОЛО
Една грешка, еден гол
Во текот на натпреварот Илинден беше рамноправен противник, а во вториот дел за нијанса и подобар, но загуби на гости кај Гранвил со 0-1 по грешка на одбраната
Во саботата навечер по студено време и пред околу стотина гледачи на нерамниот терен (Garside park, Granville) и недоволно осветлен за ноќни натпревари, екипата на Рокдејл Илинден претрпе минимален пораз со 0-1, од Гренвил, во 17. коло од Супер лигата на Нов Јужен Велс.
Во текот на натпреварот Илинден беше рамноправен противник, а во вториот дел за нијанса и подобар, особено во последните 15 минути, кога се играше само на половината на домашната екипа. Но...
Првата шанса за гол Илинден ја имаше во 10. минута, кога Пеце Зајковски вешто го изведе слободниот удар, а голманот со крајни напори ја исфрли топката во корнер. Во 30. минута Трпоски не успеа да го промени правецот на топката, иако беше само 2-3 метра од голот (беше свртен со грбот кон голот).
Во 36. минута повторно Трпоски, во слалом-стил ги помина сите пречки по десната страна, излезе сам пред противничкиот голман и наместо да проигра некој од своите соиграчи тој се обиде да го помине и голманот и шансата пропадна. Во следните две минути студен туш за навивачите на Илинден.
Доколку двајца се расправаат, третиот користи, а овојпат три играчи на Илинден (голманот Занели, Ди и Недановски) не успеаја да ја исфрлат топката, тоа го искористи Бобо и го постигна единствениот гол на натпреварот.
Во второто полувреме фудбалерите на Илинден, иако беа надмоќни, не успеаја да постигнат гол, а со тоа барем да освојат еден бод. На овој натпревар судијата С. Александер ги "пожолте": Ди, Динсер и Лосон.
В недела, Илинден ја очекува тежок натпревар со екипата на Бонириг. Натпреварот ќе се одигра на Спортскиот центар Илинден со почеток во 3.00 часот попладне.
ИЛИНДЕН: Занели, Муслеман (Новотни 57), Недановски, Ди, Лосон, Вилсон, Аполевски, Ацас, Трпоски, Зајковски, Акин (Динсер 46).
Кирил Митушев
Резултати - 17. коло:
Гренвил рејџ - Рокдејл Илинден 1-0
Сент Џорџ - Парамата 0-2
Бонириг вајт иглс - Ферфилд Сити лајонс одл.
Централ Коаст лајтнинг - Фрејзер парк 1-0
Боси Ливерпул - Мт Друит Таун ренџерс 5-0
Нортерн тајгерс - Сиднеј јуниверзити 0-1
Табела |
|||||||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| клуб | игр | поб | нер | заг | гд | - | гп | разл | бод |
| 1 | Бонириг вајт иглс | 16 | 10 | 4 | 2 | 32 | - | 12 | 20 | 34 | ||
| 2 | Парамата | 17 | 10 | 4 | 3 | 33 | - | 17 | 16 | 34 | ||
| 3 | Боси Ливерпул | 15 | 10 | 1 | 4 | 28 | - | 14 | 14 | 31 | ||
| 4 | Гренвил рејџ | 17 | 7 | 4 | 6 | 19 | - | 18 | 1 | 25 | ||
| 5 | Фрејзер парк | 16 | 7 | 3 | 6 | 24 | - | 24 | 0 | 24 | ||
| 6 | Централ Коаст лајтнинг | 16 | 7 | 2 | 7 | 25 | - | 27 | -2 | 23 | ||
| 7 | Рокдејл Илинден | 17 | 6 | 3 | 8 | 25 | - | 26 | -1 | 21 | ||
| 8 | Сент Џорџ | 16 | 5 | 4 | 7 | 27 | - | 29 | -2 | 19 | ||
| 9 | Нортерн тајгерс | 16 | 5 | 4 | 7 | 18 | - | 21 | -3 | 19 | ||
| 10 | Мт Друит Таун ренџерс | 16 | 3 | 6 | 7 | 17 | - | 26 | -9 | 15 | ||
| 11 | Сиднеј јуниверзити | 17 | 4 | 3 | 10 | 21 | - | 33 | -12 | 15 | ||
| 12 | Ферфилд Сити лајонс | 15 | 2 | 4 | 9 | 16 | - | 38 | -22 | 10 |
Идно коло (26-27 јули):
27 јули (недела), 3 часот
Рокдејл Илинден - Бонириг вајт иглс (Rockdale Ilinden Sports Centre)
Ферфилд Сити лајонс - Централ Коаст лајтнинг
Фрејзер парк - Сент Џорџ
Парамата - Нортерн тајгерс
Мт Друит Таун ренџерс - Гренвил рејџ
Сиднеј јуниверзити - Боси Ливерпул

