L A T I N I C A

 

O N L I N E

 

МАКЕДОНИЈА » Бранители

Љубе Бошкоски ќе апстинира од политиката до правосилна пресуда

До правосилноста на ослободителната пресуда на Хашкиот трибунал, поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски нема да се занимава со политика. Ова е препорака на адвокатката Едина Рашидовиќ, со чија одбрана брат Љубе дојде до слободата.
Колкав ќе биде тој временски период ќе зависи од тоа дали обвинителството ќе поднесе жалба и дали трибуналот ќе ја прифати и ќе води постапка по неа. По заложбите за ослободување од обвинението и пречекот на скопскиот аеродром, во ВМРО-ДПМНЕ велат дека членството и досегашниот придонес на Бошковски во партијата ниту смее ниту може некој да го доведе под прашање, наспроти неговата блискост со поранешното раководство и тогаш произведените "народњаци".
"Со Бошкоски ќе се разговара за неговиот понатамошен политички и партиски ангажман. Досега тоа не е направено. Ќе ги чуеме евентуалните негови желби и афинитети и ќе го определиме местото каде што тој ќе може да го даде својот максимум. Чиста шпекулација е дека тој ќе биде претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. За такво нешто е премногу рано, не само за неговото, туку и за кое било име", велат високи партиски извори. (Дневник)


ХАШКИ ТРИБУНАЛ

Рашидовиќ јуниор во одбрана на Тарчуловски

Јесенка Рашидовиќ, ќерка на Едина Рашидовиќ, која е магистер по правни науки, и швајцарскиот адвокат што го бранеше Љубе Бошкоски, Жиенал Метро, ќе бидат дел од тимот што ја подготвува жалбата за на првичната пресуда на Хашкиот трибунал за Јохан Тарчуловски, заедно со адвокатот Антонио Апостолски. Апостолски вели дека интензивно работат на жалбата и дека сега е рано да каже на кои точки ќе се фокусира. Според нашите информации, одбраната на Тарчуловски ќе се обиде да докаже дека убиените во Љуботен биле припадници на ОНА и дека Тарчуловски не ја наредил акцијата на 12 август 2001 година. Конечната пресуда за Јохан Тарчуловски Хашкиот трибунал ќе ја донесе најверојатно за половина година, бидејќи пресудата и жалбата мора да се преведат, а сега е период на летни одмори, велат од Здружението за поддршка на Љубе Бошкоски. По 30 дена откако ќе заврши рокот за жалба, Трибуналот ќе одлучува за тоа каде ќе ја издржува затворската казна Тарчуловски. (Време)


Македонските мировници се вратија од БиХ

Во касарната Страшо Пинџур во Петровец се одржа свеченост по повод успешното завршување на учеството на хеликоптерскиот детачмент на АРМ во мировната мисија АЛТЕА предводена од силите на ЕУФОР во базата Бутмир во Босна и Херцеговина.
Припадниците на хеликоптерскиот ВИНГ, по четири ротации, нагласуваат дека наученото ќе биде од голема корист во наредните мисии. Потполковник Иле Трајков, командир на четвртата ротација, истакна дека АРМ се здобила со симпатии и авторитет за почит.
Во врска со наредбата од Брисел во електронски формат да се симнат македонските симболи од униформите на македонските војници во АЛТЕА, евроамбасадорот Ерван Фуере потенцира дека тој проблем е веќе надминат. (МИА)



НАЈНОВ БРОЈ


ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР



ВРЕМЕ

МАКЕДОНИЈА

АВСТРАЛИЈА


КАЖЕТЕ ГО ВАШЕТО МИСЛЕЊЕ!

Писма до уредникот

Letter to the Editor