L A T I N I C A

 

O N L I N E

 

ВОВЕДНИК

ПО ПРОТЕСТОТ ВО МЕЛБУРН

Јасна порака до сите кои го негираат нашето постоење

Екот на мелбурншкиот протест се уште ги тресе Македонците ширум светот, како што одамна се нема случено. За момент ги потсетивме нашите сестри и браќа, каде и да живеат, дека Македонците во Мелбурн, во Викторија и во Австралија никогаш нема да отстапат од одбраната на своето пресвето прадедовско име - Македонија!...

АКТУЕЛНО

МИРЕН ПРОТЕСТ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО МЕЛБУРН

Македонија! Македонци! Засекогаш!!!

Мелбурн, 24 мај 2008 година. Мирен марш на македонската заедница од Викторија. Вардар се спои со Егеј и Пирин и во саботата надојде во Мелбурн и го обои градот во црвена боја. Над 30,000 Македонци од сите страни на Викторија, точно напладне како вруток извираа за да се слеат во маршот до викторискиот парламент...

ПОЛИТИКА

ОБСЕ

Насилство и силна реторика!

Голем број напади и насилни инциденти главно во албанските средни, медиумска пристрасност на двете страни и нејасна правна регулатива се главните забелешки на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, која го објави првичниот извештај за досегашниот тек на изборите во Македонија...

ДИПЛОМАТИЈА

ПО СРЕДБАТА СО КАРАМАНЛИС И СО БАКОЈАНИ, ЦРВЕНКОВСКИ ПОРАЧА:

Грција нека го зборува тоа што го мисли!

Претседателот Бранко Црвенковски во Бугарија се сретна со шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани и со премиерот на Грција Костас Караманлис. По официјалната вечера на форумот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, имало куса, неформална средба...

ПРАЗНУВАЊА

ЈУБИЛЕЈНА 40. МАНИФЕСТАЦИЈА ВО РИМ

Македонија му оддаде почит на св. Кирил

"Ако треба некому да сме му благодарни за тоа што нашиот јазик, говорен во солунско, постана јазик угоден на Бога и прифатен од многу народи, треба да му благодариме токму на светителот пред чиј гроб денес стоиме. Свети Кириле, денес во твојот и наш Солун е камен на камен од твоето дело! Денес во твојот роден град сѐ е пепел и прав и нема ни буква ни слово од јазикот твој и наш. Во крајот во кој сите тогаш говореа како тебе и како ние денес, забрането е не само говорењето и молењето на тој јазик, туку и постоењето...

СРЕДБИ

НИКОЛА ЛИСОЛАЈСКИ ОД КУКУРЕЧАНИ, БИТОЛСКО, ИСЕЛЕНИК ВО ШВЕДСКА:

Имам доказ дека Македонија била до Лариса!

Не може туку-така да се намали земјата и никој за тоа ништо да не кажува и да не ја признава Македонија, а за тоа да не преземе одговорност. Мора еден ден вистината да биде кажана на сите. Токму затоа, овие книги се тука", вели чичко Никола...

ВЕСТИ

АЛБАНСКИ ЗАКАНИ ЗА МОЖНА ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА

Тирана ќе ја подели Македонија?

Уредникот на албанскиот весник Тема Чело Хоџа, кој е близок до партијата на Сали Бериша, во текст во весникот се заканува дека Тирана е во состојба да ја дестабилизира и да ја подели Македонија и да бара од косовските Албанци да не прават никакви отстапки за време на демаркацијата на границата...

БАЛКАН

ХАШКИ ТРИБУНАЛ

Шешељ го спореди убиецот на Ѓинѓиќ со Гаврило Принцип!

Лидерот на Српската радикална партија Воислав Шешељ го спореди Звездан Јовановиќ, кој е обвинет за убиството на поранешниот српски премиер Зоран Ѓинѓиќ, со Гаврило Принцип, кој го убил австроунгарскиот надвојвода Франц Фердинанд во Сараево во 1914 година...

СВЕТ

ИЗБОРИ ВО САД

Обама е на чекор до успехот!

"Вие ме доведовте на чекор до демократската номинација", изјави Барак Обама на собирот во Ајова, американската сојузна држава каде што го почна својот победнички поход. Шансите на поранешната прва дама на САД Хилари Клинтон да ја добие претседателската номинација се сѐ помали...

ФОКСТЕЛ КУП НА ВИКТОРИЈА

Лавовите помали од мачиња

Престон Македонија – Ричмонд 1:5 (0:2)

Повторно "орлите" од Ричмонд со високи 5:1 ги совладаа "лавовите" од Резерво, идентичен резултат како и во првото првенствено коло...

Нерешено најреално

Грин Гали - Алтона меџик Вардар 1:1 (1:1)

Два гола за само пет минути, по еден на двете страни, беше епилот на дуелот помеѓу "магичните" од Алтона и лидерот на табелата Грин Гали...

ПРЕМИЕР ЛИГА НА НОВ ЈУЖЕН ВЕЛС

Убедлива победа на Сиднеј Македонија

Сиднеј Македонија - АПИА 3:0 (2:0)

Победата е подарок за 50. роденден на претседателотна Сиднеј Македонија, Алекс Шубески...

ENGLISH

Will Serbia Become a Threat to Macedonia?

Written by the Think-Tank Group for Macedonian and American Affairs

Our first reaction to the claim that Serbia will soon pose as a threat to Macedonia is skepticism. After all, it seems as if Serbia has too much on her plate to handle - adding her southern neighbor to the dish may seem irresponsible and foolish. However, there are just as many reasons for why Serbia may become more aggressive towards Macedonia as there are reasons why Serbia should not act aggressively towards Macedonia...

НАСТАНИ

НОВА ПОРАКА ДО ПОЛИТИЧАРИТЕ ВО АВСТРАЛИЈА И МАКЕДОНИЈА:

Македонија име не менува!!!

Мелбурн, 24 мај 2008 год.

Фото-репортажа

Доделени наградите "Македонско сонце" 2007

Во петокот на 23 мај во Сиднеј, по 15-ти пат се одржа традиционалниот Бизнис бал Македонска трпеза, на кој редакцијата на Македонскиот телефонски именик ги додели највисоките награди Македонско сонце за 2007 година...

ПРОДОЛЖУВА АКЦИЈАТА ЗА СВЕТО ПРЕОБРАЖЕНИЕ

$14,500 за манастирот на Тоше...

Македонската радио програма од Сиднеј "Македонски поручек" и водителите Бале Стојановски и Сашо Трпчевски успешно ја продолжија акцијата за собирање финансиски средства за манастирот "Свето Преображение" во Крушево...

ФЕЉТОН

ТОШЕ (17)

Бендот - нешто како второ семејство

Тие петмина - Таци, Роки, Сале, Бумбар и Предраг шест години беа дел од музичкиот живот на македонската легенда

"Кога имаш своја група, свои луѓе, ја имаш вистинската музичка поддршка, а тоа што приватно пиеш кафе и муабетиш за музиката на сцена зрачи како посебна магија", знаеше да каже Тоше кога ги претставуваше своите музички другари - Трајче Симоновски - Таци, Драган Ѓуровски - Роки, Сашко Николовски - Сале, Златко Михајловски -Бумбар и Предраг Икономовски. Кога му излезе последниот албум, Тоше не пропушташе прилика, а да не се пошегува: "Ако мојот живот е игри без граници, животот на мојот бенд е игри по граници"...

ЦРНА ХРОНИКА

МИСТЕРИЈАТА ПРОДОЛЖУВА

Џипот на Тоше никако да се расклопи за вештачење

Минаа речиси три месеци откако џипот "фолксваген туарег", во кој загина Тоше Проески, беше донесен во Скопје, а надлежните се уште не го започнале вештачењето кое треба да ги открие причините за несреќата што ја потресе Македонија...

ЕСТРАДА

ФИНАЛЕТО НА "ЕВРОСОНГ" БЕЗ МАКЕДОНИЈА

Ја уплескаа работата, па ги обвинија новинарите

Менаџерот на триото е крајно разочаран поради написот во "Вест" за Адријан и за наводната српска снаа Санела, новинарка во весникот "Блиц". Според него, со ваквата насловна страница е направена огромна штета и се загубени гласовите на огромната албанска дијаспора, кај која претходно тој многу лобирал...

НАЈНОВ БРОЈ


ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР



ВРЕМЕ

МАКЕДОНИЈА

АВСТРАЛИЈА


КАЖЕТЕ ГО ВАШЕТО МИСЛЕЊЕ!

Писма до уредникот

Letter to the Editor


website counter