|
|
L A T I N I C A |
|
|
O N L I N E |
  |
|
МАКЕДОНИЈА » Средби
НИКОЛА ЛИСОЛАЈСКИ ОД КУКУРЕЧАНИ, БИТОЛСКО, ИСЕЛЕНИК ВО ШВЕДСКА:
Имам доказ дека Македонија била до Лариса!
Не може туку-така да се намали земјата и никој за тоа ништо да не кажува и да не ја признава Македонија, а за тоа да не преземе одговорност. Мора еден ден вистината да биде кажана на сите. Токму затоа, овие книги се тука", вели чичко Никола
Македонецот Никола Лисолајски роден во село Кукуречани, битолско, кога пред околу половина век заминал по к'смет, на печалба, ниту сонувал дека од таа македонска проклетија, печалбата, ќе донесе уште еден непобитен доказ со кој се потврдува до каде била Македонија.
Македонија биле до Лариса, некаде во средна Грција, сакал тоа некој да признае или не, ќе го боли или не. Ова јас и најголемиот број на Македонци го велевме од порано, но сите велеа дека сме пристрасни. Но, сега има доказ дека е така, а тоа не го вели Никола од Кукуречани, туку угледни професори, историчари, географи од Германија, Данска, учени луѓе кои пред околу 150 години го запишале тоа, без да се 'мачат' со нашите и грчки проблеми, а она што го нацртале сигурно е поверодостојно од се што сега кажуваат Грците, за тоа до каде била нашата Македонија, вели чичко Никола.
Животната приказна на чичко Никола е иста како и на најголемиот број на наши иселеници, а започнува со тоа дека и тој, како најголем број Македонци, потиснат од сиромаштијата бил принуден лебот да го бара низ светот. А за да стигне до светот, морал да помине низ логорот во Лаврион во Грција. По една година помината во Лаврион, Никола стигнува во 1963 година во Малме, Шведска каде го создава своето семејство.
Беше тешко во тоа време да се биде туѓинец, не само во Шведска, туку било каде, во Австралија, Америка, Германија... Секаде беше исто, скоро никој од нас не знаеше јазик, но ете, скоро сите се снајдовме, направивме куќи, ги изучивме децата, дочекавме како пензионери да се вратиме во Македонија. Годините поминуваа брзо, но во таа бркотница не го заборававме македонскиот јазик, на ги заборавивме обичаите, ги учевме децата за македонското потекло, за тоа која и до каде била Македонија. Но, за жал, не сите успеавме да ги научиме нашите потомци, се сеќава чичко Никола.
Лисолајски се присетува и како по тешката работа во фабриките во 1972 година, тој и неколкумина се собирале и го правеле олтарот на црквата Свети Наум во Малме, и воопшто не се пишмани за тоа, бидејќи верувал дека тоа е за сите Македонци таму. Но, паралелно со работата, Никола се интересирал и за тоа како случило Македонија од голема држава, сега да биде мало парче земја на Балканот. Таму, во Шведска, доказ за тоа немало, се до 1993 година. За таа 1993 година Никола се присетува:
Купивме куќа во месноста Сканер или како уште се нарекува местото Фалстерби, некаде во март 1999 година. Јас сум човек кој сака да 'живее' со комшиите, без разлика од каде се. Во мојот комшилук живееја Швеѓаните, Елена - новинарка од ТВ1 и нејзиниот сопруг Јан. Откако заживеаме и стекнавме меѓусебна доверба, еден ден Јан ме праша нешто за Македонија и отворивме муабет. По моето 'предавање' за Македонија, тој ми рече дека има некои стари книги оставнина од дедото на Елена, Хуго, и дека ќе провериме за Македонија. Дедото на Елена бил многу богат и учен човек кој поседувал и голема библиотека на значајни стари книги, а за моја среќа поседувал и десетина светски географски атласи. Во нив ја најдовме Македонија И кога Јан ја виде колкава била Македонија, а колкава е сега, ми рече дека е голема неправда за Македонците сега да е вака. Кога виде дека сум многу заинтересиран за атласот ми рече следното: 'Книгите се многу стари и вредни, но без разлика дали сум дома или не, слободно земи ги и користи ги, но чувај ги'.
Атласите Никола не ги земал со него петнаесеттина години, бидејќи како што вели, мислел дека Грците ќе се освестат и дека има низ светот многу поучени Македонци кои на Грците ќе им ја шлапнат вистината в лице, а тие ќе ја признаат Македонија со име, знаме, јазик, нација... Но, како тоа не се случувало, Никола лани ги зел атласите и ги донел во Македонија. Но, повторно не ги кажувал никому, и пак мислел дека се ќе биде во ред, Македонија во НАТО, во Европска унија... Откако немало ништо од тоа -Грците пак кочат, решил да ги покаже доказите.
Јан еднаш ми рече дека без разлика како е сега и дали некој го скршил лебот, тој може да се залепи. Сега е друга состојбата во Македонија, но еднаш била Македонија и тоа мора да се признае. Не може туку-така да се намали земјата и никој за тоа ништо да не кажува и да не ја признава Македонија, а за тоа да не преземе одговорност. Мора еден ден вистината да биде кажана на сите. Токму затоа, овие книги се тука, вели Никола.
На прашањето - што со книгите вели: Јас ги имам книгите и кажувам за тоа, а сега верувам дека ќе се најде некој и ќе праша, дај да видиме што книги покасжува стариот, и дај да ги искористиме во борбата за името. Мислам дека имаме силни Македонци и дека некој ќе ме побара, и дека ќе ги искористи за добро на сите. Јас сум тука и чекам.
А Никола во Македонија е пола година, а пола година е во Шведска, кај своите три ќерќи и девет внуци, на кои им ги кажува "приказните" за Македонија, а тие како сунѓер ги впиваат. Сите сме заразени со Македонија, а тука ги ставам и двајцата зетовци кои се импресионирани од Македонија, од убавините на оваа земја. Но, за жал кога ќе се вратам таму ги немам добрите комшии Елена и Јан. Елена за жал почина, а Јан е претставник на Шведска во Балканот и Северна Африка. Но, верувам дека ветувањето кое ми го даде, дека секогаш кога може ќе ја брани Македонија, го исполнува. Јас на разделбата пред некое време, му реков дека не мора да помага за Македонија, но секаде нека ја кажува вистината и нека не одмага на нашите настојувања да докажеме кои сме. Тој сигурно го прави тоа...
"Како не им е срам на Грците!"
Во старите атласи пишува сека Македонија во тоа време била тод турско ропство, во рамките на Отоманската империја, но Македонија се споменува со цело име, Грција не, и иако на називот на алтласот пишува Турција и Грција, внатре не е така.
Првиот географски атлас е печатен од страна на издавачката куќа во Германија, Џорџ Вестерман која и ден денес постои, во градот Брауншвајг, а автор е д-р Хенри Ланге. Картата на која е Македонија е 45 по ред. Вториот георгафски атлас е издаден во Копенхаген, Данска во 1876 година од страна на издавачката куќа Јакоб Ерслевс, Форлашандл. Во двете карти јасно се гледа дека Македонија се простирала од Шар Планина, па се до Лариса, односно до средна Грција. Инаку, Лариса сега е најголем индустриски центар во овој дел на Грција.
Не знам како не им е срам на Грците вака да лажат за Македонија. Овие книги ги користеле студенти, идни акаденски граѓани на неколку западни земји, и од нив учеле за тој период. Илјадници луѓе од пред 150 години учеле за тоа која е Македонија, е сега сите учат обратно, мора ова да се промени и Македонија да си го најде местото кое го заслужува, вели чичко Никола.
Кредит за Македонија
Сум престојувал и во Мелбурн, а мене Македонсците во Австралија можеби ме паметат по мојата изјава кога се осамостои Македонија, дека треба сите иселенички семејства, без разлика во која земја сме, да дадеме по 10.000 тогашни германски марки, како гаранција на Македонија, но тие пари да бидат по список депонирани во швајцарска банка, и со тие пари да се направи државата, а по 10-15 години да ни се вратат, без камата. Еве, поминаа 15 години, парите ќе си ги земевме, а државата ќе имаше гаранција и сила веднаш да формира војска, полиција, администрација, здавство по светски теркови... Но, некои ме поддржаа, некои не, а јас се уште сметам дека можевме да помогнеме во тој момент. Ако тогаш направевме се без големи грешки, сега ќе беше ситуација многу подобра, вели Никола Лисолајски.
Текст и фото: Сашо Ристевски

