L A T I N I C A

 

O N L I N E

 

МАКЕДОНИЈА » Празнувања

ЈУБИЛЕЈНА 40. МАНИФЕСТАЦИЈА ВО РИМ

Македонија му оддаде почит на св. Кирил

"Ако треба некому да сме му благодарни за тоа што нашиот јазик, говорен во солунско, постана јазик угоден на Бога и прифатен од многу народи, треба да му благодариме токму на светителот пред чиј гроб денес стоиме. Свети Кириле, денес во твојот и наш Солун е камен на камен од твоето дело! Денес во твојот роден град сѐ е пепел и прав и нема ни буква ни слово од јазикот твој и наш. Во крајот во кој сите тогаш говореа како тебе и како ние денес, забрането е не само говорењето и молењето на тој јазик, туку и постоењето. Денес, за жал, таму однесувањето е полошо од она на тријазичниците во твое време... Таму се прогонува и протерува сѐ што е македонско, и се негира и името на земјата, и името на Црквата се негира", рече г. г. Стефан во молитвената беседа во Рим, по молебенот со кој тој чиноначалствуваше заедно со митрополитот Тимотеј и епископот Климент.
Премиерот Никола Груевски, кој ја предводеше државната делегација на чествувањето на св. Кирил во Рим, имаше средба со папата Бенедикт Шеснаесетти и со државниот секретар при Светиот стол, монсињор Доминик Мамберти. "Со папата разговаравме за темата која е сега најактуелна во Македонија. Него многу го интересираше проблемот што го имаме со името, нашиот пат за зачленување во НАТО и во Европската унија. Му кажав неколку детали и нашите проблеми со тоа прашање. Се разбира, од Ватикан и од порано, а и сега имаме поддршка", изјави Груевски по средбата. Тој го информирал папата и за изградбата на спомен-куќата на Мајка Тереза во центарот на Скопје и го поканил на стогодишнината од нејзиното раѓање, на 20 август 2010 година, да ја посети Македонија, и во таа пригода да го освети објектот. Од своите соговорници Груевски добил позитивен одговор за заложбите на Ватикан за Македонија во католичкиот свет. "Има разбирање за нашите проблеми и на сите начини на кои може да помогне, ќе помогне", истакна претседателот на Владата. Претходно, на аудиенцијата на државната делегација папата го нарече делото на Кирил и Методиј обединувачки спој на братството, а просветителите - европски патрони. (Кирилица)


Благослов за спомен-домот на Мајка Тереза

Светиот престол на Ватикан и сестра Нирмала, од името на Мисионерките на љубовта од Калкута, Индија, ја поздравија изградбата на спомен-куќата на Мајка Тереза. Нејзината наследничка сестра Нирмала ја благослови изградбата на светилиштето на скопјанката Гонџа Бојаџиу, соопшти граѓанската асоцијација Скопјанката Мајка Тереза. "Со изградбата на куќата родното место на нашата мајка Скопје ги отвора патиштата на љубовта и милосрдието", порачала сестра Нирмала и ја најавила посетата на Македонија.
Камен-темелникот на спомен-домот на Мајка Тереза неодамна го постави премиерот Никола Груевски. Според најавите, градежните работи треба да завршат за пет месеци.



НАЈНОВ БРОЈ


ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР



ВРЕМЕ

МАКЕДОНИЈА

АВСТРАЛИЈА


КАЖЕТЕ ГО ВАШЕТО МИСЛЕЊЕ!

Писма до уредникот

Letter to the Editor


website counter